28 Септември, 2024
0.0255

Фудбалската еуфорија ги прикрива економските проблеми на Бразил

Објавено во: Анализа 25 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Поради победата на Бразил над Камерун веселата атмосфера околу Светското првенство во фудбал ќе продолжи да владее во латиноамериканската земја уште некое време. Но на Бразилците можеби им е потребно најсилно одвлекување на вниманието. Повеќето фудбалски навивачи не забележаа дека водечките економисти ги намалија во секоја од последните четири недели прогнозите за раст на земјата. Во исто време се очекува и следната година инфлацијата да остане болно висока, пишува во својата анализа Wall Street Journal. "Оваа комбинација низок економски раст и повисока инфлација е кошмар за секој политичар", велат економистите на Banco Santander во своето истражување од оваа недела. А  Алберто Рамос, главен економист за Латинска Америка во Goldman Sachs, минатата недела изјави  дека "бразилската економија очигледно се движи кон сценарио на стагфлација ". Бразилскиот триумф со 4 : 1 над Камерун му обезбеди на тимот билети за осминафиналето. До освојувањето на титулата има само четири победи. Домаќинот сеуште се смета за фаворит меѓу обложувалниците, коефициентот веќе е 3:1. Мундијалот се испоставува дека е радосно прибежиште за Бразилците, кои до неодамна го покажуваа јавно незадоволство од економската ситуација и општата насока за развој на нивната земја. Во голем број анкети мнозинството од нив изјавиле дека домаќинството на Бразил на Светското првенство во фудбал е лоша идеја. Но како и многу пати пред тоа, поддршката за својот фудбалски тим го одвлекува вниманието на нацијата од отровната политичка средина и лошата економија. Едно отпагање од првото светско првенство во нивната сопствена земја од 64 години, веројатно може да доведе до вистински шок за Бразилците. Според истражувањето на Центарот за истражување Pew овој месец, 61 процент од нив мислат дека организирањето на Светското првенство ќе ја натовари значително земјата, бидејќи за јавните услуги ќе има помалку пари. "Ако Бразил победи, голем дел од првичните прогнози - за високите трошоци за стадионот и други работи, ќе бидат заборави", смета Ериадло Росарио, 52-годишен сопственик на мал бизнис. "Ако загуби, сликата ќе биде многу поинаква". Бразилската економија ќе порасне во оваа година едвај 1,16% според неделната консензуална прогноза меѓу 100 Економист. Тие предвидуваат инфлацијата на крајот на годината да биде во размер на 6,46%. Експертите сметаат дека евентуална политика на штедење би била најдобар начин да се стави инфлацијата под контрола. А во година на избори,во која и досега доминираат штрајкови и барања за повисоки плати во јавниот сектор, шансите за контролирање на инфлацијата стануваат уште помали. К.К.