Добивај вести на Viber
Од повеќе идеи за фасадата на Градскиот трговски центар, како што јавува Алфа избрано е решението кое е најблиску до барок. Телевизијата се повикува на неофицијални извори.
Автор на решението е Жарко Чаушевски, архитект чии неколку предлози веќе се реализирани со проектот 2014.
Нови фасади во барок-стил ќе добијат и станбените кули во ГТЦ. Според идејното решение, наводно избрано од Комисијата од неколку архитекти и директорот, ГТЦ ќе добие три куполи. Фасадата која ќе гледа кон Собранието, добива десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со бројни скулптури. И другите страни на објектот добиваат соодветни украси, со бронзени или елементи со златно-жолта боја.
Инаку, како што дознава Фактор но во игра биле сите три правци кои се бараа на конкурсот, футуризам, класицизам и барок.
Инаку досега имаше неколку неуспешни обиди за избор на идејно решение за нова фасада и надгрдба на ГТЦ. Еден од конкурсите беше поништен поради тоа што пристигна само еден проект кој предвидуваше футуристички изглед на ГТЦ. На последниот конкурс имаше пристигнато четири труда, три беа македонски, а едно странско идејно решение. Тогаш еден од авторите понуди современа архитектура, двајца стаклена надворешност, а четвртиот, комбинација од барок и класицизам. Но и овој конкурс беше поништен, поради одредени недостатоци во самите проекти.
фото: футуристички ГТЦ нема да гледаме