05 Декември, 2025
0.0811

ФЗОМ воведе електронски трезор за плаќање преку интернет од страна на ЈЗУ

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2012 14:06

Добивај вести на Viber

Електронски трезор, односно електронско поднесување на налози за плаќање преку интернет од страна на јавните здравствени установи, е првата електронска услуга која од 8 октомври ја воведе Фондот за здравствено осигурување. Фондот од јануари  ќе работи со болниците само со електронски налози. Станува збор за услуга која се овозможува за 111 ЈЗУ кои ги користат капацитетите на Фондот од минатата година како нивен трезор, односно кога ФЗОМ стана посебен носител на платниот промет за сите ЈЗУ. Ова денеска го истакна директорот на Фондот, Маја Парнарџиева Змејкова која истакна дека електронскиот трезор е прв во државата воведен од страна на ЈЗУ, бидејќи, како што посочи, електронско банкарство го овозможуваат приватните банки, а кај јавните институтции тоа досега не беше овозможено. - За нешто повеќе од година ипол како Фонд го надминавме и лидерот во воведување на трезорот, а тоа е Министерството за финансии кој го воведе во 2001 година. Досега вработените во болниците доаѓаа редовно секојдневно во нашите подрачни служби со потпишани налози од нивните директори за нивните налози за плаќање да ги реализираме преку нашиот софтверски систем од една на друга сметка, изјави Парнарџиева Змејкова. - Имаме 111 ЈЗУ, а веќе 60 од нив се регистрираа во нашиот електронски трезор, добија пасворд, имаат електронски потпис и немаат потреба никогаш повеќе да се појават во подрачните служби на Фондот. Регистрираните болници преку интернет ни ги доставуваат налозите за плаќање, ние ги примаме и реализираме, што значи растеретување на службите во болниците и во Фондот и брзо и без грешка, ефикасно завршување на плаќањата без задоцнувања, објасни директорката. Директорот на сметководство и трезор во Фондот, Маја Богдановска Стојановска посочи дека со воведување на електронското банкарство ќе се обезбеди заштеда на околу два милиони денари на годишно ниво.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања