07 Мај, 2024
0.0290

(ГАЛЕРИЈА) Хотели со импресивен поглед од секоја соба!

Објавено во: Стил 12 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Размислувате за совршен годишен одмор? Ви претставуваме шест луксузни хотели чии соби го имаат оној вистинскиот „wow“ ефект...

Овие хотели се посебни поради многу различни работи, но еден елемент им е заеднички - совршен поглед од секоја соба. Без разлика дали планирате одмор или само сонувате за идеално место за опуштање, еве малку инспирација за вас ...

Хотел Монте Мулини– Ровињ, Хрватска

Hotel-Monte-Mulini_031_resize

Сите 113 соби во хотелот  Монте Мулини имаат совршен поглед на Лоне заливот и Златната Војна или пак Јадранско море. Овој хотел е сместен во мирниот залив во близина на уметничкиот град Ровињ, во хрватскиот регион Истра. Монте Мулини е реномиран и еден од најелегантните и префинети хотели на оваа земја. Драматична, современа градба е сместена на падините Златна војна и е опкружена со преубава шума. Со 113 соби кои имаат беспрекорен поглед на море, преубаво уреден базен и спа центар, како и два гурмански ресторани, овој хотел е идеално место за одмор и опуштање.

Paresa Resort - Puket, Тајланд

paresa-dining-1-starlit-copy_resize

Секоја од 49 вили кои се сместени во рамки на овој имот имаат свои приватни инфинити базени и поглед на Андаманско море. Погледот кој се протега драматично од извонредно обликуваните карпи Камали, преку преубавите азурни води, е опкружен со бујни тропски шуми и градини. Пареса Ресорт совршено ја прифатил ексклузивноста на своето природно опкружување, со цел креирање на оаза на мирот и неприкосновен луксуз.

Ladera – St. Lucia

ladera_resize

Како би го искористиле целиот капацитет на својата природна околина, западната страна на целиот овој ресорт со 37 вили и апартмани, е оставена во целосна отвореност. Овде е претставен концептот на таканаречениот отврен ѕид, па затоа се пружаат погледи на Питон планината и Карипско море. Овој романтичен рај е сместен високо над нивото на морето и ги нуди најубавите погледи на море кои постојат на овој остров. Ресортот е сместен на Суфиеревата и најпозната плантажа со кокоси, а е трансоформиран во единствен ресорт каков можеме да видиме денеска од 1982 година. Ладер ресортот е олицетворение на сите работи кои се елементи на Ст. Лусија - преку манири, култура и кујна до рачно напревен мебел и декорација од дрво.

Jumeirah Zabeel Saray – Дубаи

jumeirah zabeel_resize

Сместен на познатиот Палм вештачки остров, овој хотел нуди соби со преубав поглед на вода. Собите од двете страни на овој хотел, и влезната и на задната страна која се отвара кон плажата и базенот, имаат екстензивен поглед на Заливот. Од предната страна, собите имаат поглед на остатокот од Палмата. Овој хотел е сместен западно во однос на Палм Јумеирах, а има совршен поглед на панорамата на Дубаи, покрај погледот на заливот. Инспириран од Отоманската империја, овој ресорт е дом на Талис Оттоман спа центарот, најголем и најлуксузен спа центар на Блискиот исток, а поседува и единствена колекција на грандиозна Ројал Резиденција.

Manchester Grand Hyatt – Сан Диего

San-Diego-Grand-Hyatt-pic1_resize

Секоја соба од овој хотел има поглед на заливот Сан Диего и Ембарацедро Марина Паркот или на ценатрот на градот. Сместен на преубавиот простор со вода, овој хотел има поглед на заливот од многу соби, така да туристите се опуштаат со поглед кон Тихи океан. Овој урбан ресорт ја дефинирал панорамата на градот, а се состои од две модерно дизајнирани кули - Seaport Tower со 33 ката и  Harbor Tower со 40 катови. Овој хотел се состои од 76 речиси неодамна реновирани апартмани, спа центар со полна услуга и базен кој е наменет само за возрасни лица. Исто така, тука се и тенискиот терен, платформа за сончање, фитнес центар и неколку светски познати ресторани и ложи, а сето тоа со поглед на заливот и преубавиот град.

Crystal Peak Lodge – Брекенриџ

crystal peek lodge_resize

Сите соби на овој хотел се насочени во два правци: гледаат или кон планините и ски ресортот, или гледаат кон источната страна на познатата Роки планина. Сместен во срцето на скијачкиот рај, овој хотел на своите гости им нуди величенствен поглед на планина, како и лесен пристап до скијачките погодности. Во понудата има еднособни, двособни, трособни и четирисобни апартмани, а секој има во целост опремена кујна и дневна соба со камин. Гостите исто така може да уживаат во мирната елеганција на оваа локација, во топол и удобен амбиент.