ГАЛЕРИЈА: Ова се државите со најголеми долгови
Објавено во: Анализа, Свет 26 Јуни, 2015 10:24
Доста високо е односот на долгот кон глава на жител во Белгија. Тука тој изнесува 47 749 долари (44 338 евра). Апсолутниот државен долг изнесува 375 милијарди евра. Ова одговара речиси на економските перформанси на земјата.
4-то место - Сингапур
Азиската земја е економски лидер во регионот. Сепак долговниот притисок на земјата со 5,5 милиони жители е доста висок. Долговите на жител изнесуваат 56 980 долари (52 910 евра). Општо земено, долгот на државата е во износ од 106,2 отсто од БДП.
3-то место - САД
И покрај гигантскиот куп на долгот во износ од 12,326 трилиони евра (107 отсто од БДП), САД се едвај на третото место во ова рангирање. Поради големото население САД имаат ниво од 39 231 евра по глава на жител.
2-то место: Ирска
Поради финансиската криза земјата има долг од над 60 000 долари по глава на жител. Вкупниот долг изнесува 121 отсто од БДП на земјата, над кои рекордерот во рангирањето може само да се смее.
1-то место: Јапонија
Долговите на Јапонија изнесуваат 8,491 трилиони евра. Уште по драматичен е односот кон БДП. Со 238 проценти од БДП долгот е двојно повисок од економското производство. И во однос на долгот по глава на жител Јапонија е лидер во рангирањето - 66 541 евра на жител.
Обработка: К.К.
Извoр: Investor
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





