ГАЛЕРИЈА: Споменикот на Мајка Тереза е речиси готов
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2016
Споменикот на Мајка Тереза на плоштадот Македонија во Скопје е речиси готов.
Него го гради Министерството за култура. Од буџетот за споменикот беа издвоени 5,6 милиони евра. Мајка Тереза или Света Тереза Калкутска е родена во Скопје на 26 август 1910 година, а почина во Калкута, Индина на 5 септември 1997 година. Таа е добитничка на Нобелова награда за мир и светица во католичкиот свет. Со ова светицата ќе има две спомен обележја во Скопје, ако се земе в предвид дека во нејзина чест во главниот град има и Спомен куќа.