(ГАЛЕРИЈА) ССМ повика барањата да бидат исполнети, затоа што трпението е при крај
Објавено во: Економија, Галерија 01 Мај, 2022 14:06
Голем број работници денеска излегоа на првомајскиот протест пред Владата.
Баара повисоки плати, затоа што и трошоците за живот растат.
„Трпението има крај, повеќе нема да чекаме – нашите барања да бидат разгледани и исполнети веднаш“, порачаа од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од протестот пред Владата.
Пред Владата, покрај синдикалците, беа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
„Никој не треба да заборави дека работникот е на право место, човечкиот капитал е пред се“, рече Битиќи.
Тренчевска објасни дека оние газди кои не го почитуваат Законот за минимална плата ќе бидат казнети. Таа посочи дека има контроли, посебно во конфекциите во Источна Македонија.
фото Вангел Тануровски







Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




