(ГАЛЕРИЈА-ВИДЕО) СТУДЕНТИТЕ НЕЗАВИСНИ И ЕДНОГЛАСНИ: „Веќе не се плашиме“!
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2014
Поддржани од многубројни професори, родители, пензионери, средношколци, стечајци и случајни минувачи денеска студентите маршираа по втор пат против воведувањето на екстерно тестирање во високото образование.
Протестниот марш тргна од платото пред Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, помина пред Собранието, па кон Владата која беше последната точка на маршутата. „Веќе не се плашиме“, „Макрономија“, „Нема правда, нема мир“, „Сега ќе не слушнете“, „Автононија“, „Екстерно за владата“ беа само дел од паролите кои студентите ги извикуваа марширајќи, а поддршка добија и од студентите на Штуловиот универзитет во Тетово, а се протестираше и во Битола. -„Ова е политика на неконзистентност во високото образование, ова се реформи кои што се експериментални и последиците од истите ќе нанесат видна штета врз квалитетот на студентите“. До Владата студентите доставија писмо во кое на шест страници ги изнесуват нивните аргументи против воведување државен испит на факултетите. Но, не се разочараа бидејќи никој не се појави да го прими нивното барање, остануваат прибрани и отворени за дијалог. Од Студенстскиот пленум велат дека ќе продолжат да се борат против воведувањето на оваа реформа се додека надлежните не се откажат од неа и целосно не ја повлечат како таква. Ви пренесуваме дел од атмосферата низ скопските улици каде маршираа студентите.ПОРАКАТА ПРАТЕНА: Студентскиот марш заврши мирно