ГАЛЕРИЈА: Жан Мишел Жар настапи во Скопје
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2016
Францускиот музичар Жан Мишел Жар синоќа настапи во Скопје.
Пионерот на електронската музика Жан-Мишел Жар го одбележа отворањето на 18-то издание на фестивалот „Таксират“ со спектакуларно аудио-визуелно шоу во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во својата 40-годишна кариера, револуционерниот француски уметник првпат настапува во Македонија. Тој освен заслуги за етаблирањето и популаризацијата на електронската, амбиенталната и њу-ејџ музика, е основоположник и на мултимедијалните перформанси какви што ги знаеме денес.