ГАЛЕРИЈА: Жителите на Стајковци се плашат да не се повторат поплавите од август
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016
Во скопското село Стајковци улиците повторно се под вода, по обилните дождови кои паѓаат.
Граѓани се плашат дека може да се повтори поплавата од месец август. Велат дека улиците се претворени во езеро и се движат со чизми до колена. Жителите на овој регион не се целосно обештетени за големата поплава од август, се пожалија вчера.
УХМР денеска предупреди дека поради интензивните врнежи, можни се поплави деновиве и се очекува зголемување на водостоите на реките.