Добивај вести на Viber
Наскоро и Скопје ќе може да се пофали со сплавови, по примерот на некои градови од соседството. На галијата на Вардар со два јарбола се поставија македонски знамиња, а веќе се гради и трупот на сплавот. Засега нема најави кога ќе биде свечено пуштање на сплавот. Овие сплавови од градските власти беа најавени како нова атракција за посетителите на Скопје, а во јавноста се покренаа многу контроверзии околу нивната изградба. Градот сепак опстоја на намерата да ги изгради.