Галопирачка инфлација во Русија
Објавено во: Анализа 07 Февруари, 2015 09:10
Инфлацијата во Русија во јануари 2015 година е забрзана на 3,9 одсто, од 2,6 одсто во декември 2014 година, додека на годишно ниво е забележан раст од 15 одсто.
Растот на потрошувачките цени во јануари бил 15 одсто, во однос на истиот период минатата година, со што е достигната долната граница на инфлацијата која за оваа година ја прогнозирало министерството за економски развој, објави руската служба за статистика Рос стат, пренесува Тас.
Заменик министерот за економски развој Алексеј Вједев претходно изјави дека врвот на инфлацијата се очекува во периодот март-април оваа година и дека таа може да достигне 15 до 17 одсто на годишно ниво.
За споредба, Тас наведува дека во јануари 2014 година инфлацијата била 0,6 одсто.
Според податоците на Рос стат, во јануари оваа година цените на услугите пораснале 4,4 одсто, а вклучувајќи ја и храната 5,7 одсто. Прехрамбените производи, без овошје и зеленчук покапеле 3,7 одсто, непрехрамбените производи поскапеле 3,2 одсто за година дена а услугите 2,2 одсто.
На годишно ниво (во споредба со јануари 2014 година) цените на услугите се зголемиле 15,9 одсто, прехрамбените услуги 20,7, а прехрамбените производи без овошје и зеленчук 18,4 одсто. Непрехрамбените производи поскапеле 11,2 одсто за година дена, а услугите 12,3 одсто.
Во јануари значајно влијание на потрошувачките цени имал растот на трошоците за овошје и зеленчук.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





