19 Декември, 2025
0.0476

ГАМА ИЛИ ФИРМАТА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ГАС: Нешто од Макпетрол мора да оди на продажба!

Објавено во: Економија 24 Август, 2016 08:07

Добивај вести на Viber

Дали потенцијалните купци на „Макпетрол“ всушност имаат најголем мотив да влезат во „Макпетрол“ токму заради тоа што ако станат доминантни сопственици ќе одлучат околу продавањето на фирмата за снабдување со природен гас или ќе го продадат делот од преносниот гасоводен систем? Што ќе продадат? Кому ќе продадат и по која цена? Што ако рокот за продажба биде оправдание некој да лапа нешто бадијала? „Макпетрол“ ќе мора да го продаде својот дел од преносниот гасоводен систем или пак ќе мора да ја продаден фирмата- ќерка за снабдување со гас која сега е единствена која работи снабдување со гас на македонскиот пазар. Ова го предвидува европската регулатива од пакетот 3 кој се однесува на либерализацијата на енергетските пазари и тоа е дел од новиот закон за енергетика кој треба да биде усвоен во Македонија. Ова е едно од клучните прашања што Енергетската заедница од Виена неодамна ги испрати до Министерството за економија и за кои уште нема одговори. Засега не е познато во која фаза е новиот закон за енергетика и кога тој треба да биде ставен на гласање пред македонските пратеници. Суштински важна работа на пазарите со природен гас е дека сопственик или косопстевник на преносниот гасоводен систем не смее и не може да биде сопственик на фирма која врши снабдување со природен гас. Тоа е правило секаде во земјите од Европската унија и од Македонија подолго време се бара тоа прашање да се регулира со новиот закон за енергетика. Законот е во процедура и во него е пресликано европското законодавство. Тоа значи дека во брз иднина ќе мора да се реши статусот на ГАМА , претпријатие кое сега го поседуваат македонската Влада и „Макпетрол“ и кое е сопственик на преносниот гасоводен систем. За сопственоста врз системот за пренос на гас се води дологодишен судски спор меѓу Владата и „Макпетрол“ и колку што е познато во јавноста спорот се однесува на несогласувања околу тоа кој е доминантен сопственик кој има 51 отсто од капиталот. И двете страни , Владата и „Макпетрол“ тврдат дека се сопственици на мнозинските права во таа компанија. Сега со можното превземање на „Макпетрол“ се отвора прашањето за тоа што ќе се случи со сопственоста на „Макпетрол“ во преносниот гасоводен систем, но се отвора прашањето и со сопственоста на „Макпетрол“ врз единствената фирма во Македонија која врши дејност снабдување со природен гас во земјава. Оваа комплексна состојба отвора многу прашања на кои ќе мора да се дадат одговори со донесувањето на новиот Закон за енергетика. Дали „Макпетрол“ ќе го продаде својот дел од ГАМА? Дали „Макпетрол“ ќе се одлучи да ја продаде својата фирма за снабдување со гас и со тоа ќе го отстапи тој бизнис и договорите со „Гаспром“ на друга фирма? Дали потенцијалните купци на „Макпетрол“ всушност имаат најголем мотив да влезат во „Макпетрол“ токму заради тоа што ако станат доминантни сопственици ќе одлучат околу продавањето на фирмата за снабдување со природен гас или ќе го продадат делот од преносниот гасоводен систем? Што ќе продадат? Кому ќе продадат и по која цена? Што ако во меѓувреме и Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди концентрација на пазарот за природен гас и заклучи дека „Макпетрол“ предизвикува проблеми за развој на пазарот на природен гас? Нема одговори на овие прашања кои досега никој јавно и не ги постави. Како и да е времето тече, а нашата Влада ќе мора да ја спроведе обврската и да го даде во собраниска процедура Законот за енергетика. Тогаш ќе се отворат сите прашање и конечно ќе се реши статусот на ГАМА, но и ќе се отворат нови можности за снабдување со гас во земјава. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии