ГАРAНЦИЈАТА Е ОДБИЕНА: Мијалков останува во затворот во Шутка
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2021
Eкс директорот на УБК, Сашо Мијалков останува во затворот во Шутка.
Апелацискиот суд во Скопје ја одби гаранцијата на Мијалков, и одлучи тој да остане во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
Мијалков нудеше гаранција од 10,8 милиони евра, но Основниот кривичен суд ја одби и покрај тоа што имаше позитивно мислење од обвинителот Артан Ајро. За одлуката на Кривичен, екс директорот на УБК и неговите адвокати се жалеа до Апелација.
Првиот притвор му беше определен откако не беше најден во дома за да го прими решението за домашен притвор. Мијалков исчезна и беше недостапен два дена, по што се појави и замина во притвор.Toј веќе е осуден на 20 години затвор за нелегалното прислушување и за набавката на опрема за прислушување, за тајната полиција, а на 17 јуни очекува нова пресуда за апсењето на екс министерот за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.