„Гардијан“: Турција може да се соочи со нови избори
Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2015 11:29
Коалициските преговори ќе доминираат во Турција во текот на следните недели откако гласачите ги променија плановите на претседателот Реџеп Таип Ердоган да го промени уставот и ги отргне канџите околу власта со воведувањето на претседателска република, пишува „The Guardian“.
Ова е најтешкиот удар за неговата Партија за правдата и развојот, откако дојде на власт во 2002 година. За првпат по 13-годишното управување партијата го губи парламентарното мнозинство, додека во исто време курдското малцинство во земјата доби невидена презентација во парламентот .
Иако владејачката партија со леснотија успеа да освои најголем дел од гласовите на изборите, кои се одржаа во неделата, нејзиниот резултат е - 41% од пратеничките места, што претставува пад од последните парламентарни избори во 2011 година, кога освои речиси половина од националното гласање. Сега, за прв пат од 2002 година, Партијата на правдата и развојот ќе мора да формира коалициска влада или да свика нови избори.
Останува сепак нејасно кој ќе биде нејзинот потенцијален партнер, откако најверојатен кандидат, десната Партија на националната акција (MHP), ја исклучи можноста за коалиција. Според државната агенција Анадолија, лидерот на партијата Девлет Бахчели изјавил дека партијата „е подготвена да остане во опозиција против можната коалиција меѓу Партијата на правдата и развојот, Републиканската народна партија и Народната демократска партија“.
„Никој нема право да ја втурне Турција кон малцинска влада и сценаријата на одредени кругови“, изјавил Бахчели и додал: „Предвремените избори ќе се случат кога ќе им дојде време“. Тој ги поздрави изборните резултати, со кои неговата партија освои 31 место во парламентот.
Селахатин Демиртас, копретседателот на левата Народна демократска партија, исто така ја отфрлил можноста за коалиција со владејачката партија.
„Нема да формираме коалиција со AKP, остануваме на зборот. Ќе бидеме во парламентот како силна опозиција“, додал Демиртас на прес-конференција во Истанбул минатата ноќ. Тој додал дека изборните резултати ставија крај на сите планови за наметнување на претседателска република.
Владејачката турска Партија на правдата и развојот (AKP) го загуби апсолутното мнозинство на парламентарните избори во неделата. Тоа е неверојатно пораз за искуството на претседателот Реџеп Таип Ердоган да наметне уставни реформи и да создаде претседателска демократија, коментира радио „Voice of America“. Резултатот ќе ја принуди партијата на Ердоган да формира коалициска влада за прв пат откако дојде на власт во 2002 година.
Тоа става крај на 13 годишното владеење со надмоќното мнозинство на Партијата на правдата и развојот. Иако АКП останува најголемата партија во парламентот, таа доживеа тежок пораз на изборите во неделата. Неофицијалните резултати покажуваат дека партијата со исламски корени на Ердоган освои 41% од гласовите или околу 225 места, доста под 50-те проценти кои ги освои пред четири години.
Грешките во економијата се сметаат за клучен фактор зад загубата во поддршката за владејачката партија по една деценија на невиден економски раст за Турција. Успехот на прокурдската партија Народна демократска партија (HDP) е сепак она што и нанесе најголем тежок удар на „АКП“. „HDP“ го мина прагот од 10 отсто и си обезбеди околу 75 места кои се за сметка на мандатите на владејачката партија.
„HDP“ води инспирирана кампања во обид да добие поддршка надвор од курдскиот камп на инклузивна платформа во заштита на плурализмот и демократијата, правата на работниците, жените и хомосексуалците.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




