ГАШИ ЌЕ ЗEМА ИДЕИ ОД ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СОБРАНИЕТО: Се виде со Трајковски, Климовски, Петковски и Поповски
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2025 12:19
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретнал со поранешните претседатели на законодавниот дом - Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски.

Гаши во објава на Фејсбук нагласува дека ова била посебна средба, прва од ваков вид, со институционален карактер, каде што споделиле вредни искуства и идеи за иднината на Собранието како важна институција на државата.
Спикерот Гаши информира дека на средбата било предложено основање на неформален совет каде ќе се разменуваат идеи и искуства без политички влијанија.

-Разговаравме за реформите и процесите што имаат за цел да го направат Собранието понезависно, потранспарентно и поефикасно во вршењето на своите функции. Се согласивме дека искуството на поранешните претседатели претставува предност за институцијата, затоа беше предложено основање на неформален совет, каде што ќе можат да се разменуваат идеи и искуства без политички влијанија, во корист на Собранието и парламентарната демократија. Искрено им се заблагодарив за нивното учество и подготвеност за соработка. Собранието секогаш ќе остане заеднички дом на сите граѓани и место каде што политичките процеси се водат со достоинство и одговорност, вели во објавата Гаши.
Фото: Африм Гаши / Фејсбук* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





