ГАШИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО ВЈОСА ОСМАНИ: Mи се јави, децата плачеа и јас сакав лично да отидам за да помогнам
Објавено во: Македонија 27 Август, 2024
Ми се јави претседателката Вјоса Османи, гласот ѝ трепереше, децата плачеа и јас сакав лично да отидам за да помогнам, но ми рекоа дека состојбата се смирила, вели спикерот Африм Гаши за инцидентот кој месецов се случи со косовската претседателка на скопскиот аеродром.
„Од морален аспект, јас лично и обезбедувањето во Собранието на аеродромот избегнавме инцидент којшто можеше да има поголеми последици. Се радувам дека се заврши како што треба. Тие луѓе што ги пречекориле своите овластувања МВР ќе постапи како што е законот. Секогаш кога ќе треба да се зближува, да се смирува ситуацијата, ќе настапувам за доброто на граѓаните, да нема конфликти, инциденти и поголеми последици“, вели Гаши.
За инцидентот на скопскиот аеродром, шефот на обезбедувањето на Гаши доби кривична пријава и е отстранет од работното место. Од полицијата информираа дека кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение дека лицето С.С сторило две кривични дела – загрозување на сигурноста по член 144 од КЗ и спречување службено лице во вршење службено дејстиве по член 382 од КЗ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.