19 Декември, 2025
0.0416

Гасната централа ТЕ-ТО ја тужи Владата за 26 милиони евра

Објавено во: Економија 24 Јули, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Когенеративната скопска централа ТЕ-ТО, која од претежно руски природен гас произведува електрична енергија, за прв пат објави дека ја тужи Владата за загубена сума од околу 26 милиони евра во текот на енергетската криза во 2022.

Од гасната централа во објавениот консолидиран ревизорски извештај поднесен до „Македонска берза“ тврдат дека опортунитетно загубиле 26 милиони евра затоа што тогашната влада им ја ограничила цената на продажба . Како што велат од таму, процесот е во почетна фаза.

- Судски предмет 53 TС1 бр.7/25 во кој ТЕ-ТО АД поднесе тужба за надомест на штета/долг против Владата на република Северна Македонија. Во 2022 година, Владата донесе Одлуки со кои го задолжи ТЕ-ТО АД да продава електрична енергија на АД ЕСМ по цена пониска од пазарната. Имајќи во предвид дека одлуките на Влада се правно обврзувачки, ТЕ-ТО АД постапи согласно истите и претрпе штета во вид на обична штета и неостварена добивка во висина од 26.625.857 евра. Со цел да му се надомести штетата, ТЕ-ТО АД поднесе тужба против Владата. Постапката е во почетна фаза, објавено е во извештајот на ревизорот.

Овој судски процес е започнат, иако минатата година за акционерското друштво беше финансиски една од најдобрите. Ја заврши со добивка од 26 милиони години, додека претходната година донела профит од само 3,3 милиони евра. Како причина за овој добар резултат се наведува големиот ценовен јаз помеѓу природниот гас и електричната енергија.

Добриот финансиски резултат е заради подобрените пазарни прилики на берзите на електрична енергија односно зголемениот однос на цените на електрична енергија во однос на цените на природниот гас, додаваат од ТЕ-ТО.

Освен големата добивка, друштвото успеало да ги намали радикално долгорочните финансиски обврски за реорганизација со исплата на цели основици кон кредитите од странските, односно домашните банки.

Салдото на обврски по кредити на 31.12.2023 година на вкупен износ од 684.268 илјади МКД кон Ландес Банк Берлин и Комерцијална Банка АД Скопје е целосно отплатено во 2024 година, пренесуваат од гасната електрана.

Огромната добивка е направена во ситуација со намалени трошоци за купување на природен гас како основна суровина. Успехот е уште поголем ако се знае дека продажбата на електрична енергија е намалена од 190 на 143 милиони евра. Намалена е и продажбата на топлинска енергија за ЕСМ.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии