05 Декември, 2025
0.0308

Гасоводот „Јужен тек“- спас или нова јамка за Македонија?

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2013 20:46

Добивај вести на Viber

Власта и опозицијата повторно се спречкаа во Собрание, денеска за ратификацијата на спогодбата со владата на Русија за „Јужен тек“ кој беше на дневен ред пред пратениците. Законот за ратификација на Спогодбата беше изгласан доцна попладнево, а како што изјави заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров, целта на овој договорот е обезбедување еколошки и поевтин енергенс кој ќе ги намали трошоците за работа на фирмите и ќе ја зголеми конкурентноста на производството. За опозицијата пак, ратификувањето на Спогодбата е авантура, а дека процесот на гасификација е следен со лажни ветувања и криминални активности, што на крај ќе доведе земјава да стане енергетски заложник од снабдувачот со гас. „Процесот на гасификација го пратеа многу лажни ветувања и криминални активности, а ратификацијата е спротивна на законите. Со неа, на една компанија ќе и се овозможи да увезува по повластена цена, да добива јавни набавки по приоритет и сама да ја дефинира цената“, изјави Јани Макрадули од СДСМ. Според пратениците од владината коалиција, изградбата на гасоводот е врз партнерска основа и не е само руски проект, туку на Европската унија и Руската Федерација, а заменик министерот за финансии Ардијан Џеладини рече дека ставоите на Макрадули немаат врска со реалноста и не смее да се потценува проектот. Пратениците од СДСМ реагираа до власта и поради тоа што на дискусијата по овој стратегиски проект за Македонија не е присутен ниту еден нејзин претставник. Спогодбата која во јули беше потпишана на меѓувладино ниво за приклучување на земјава кон Јужен тeк,  прво ќе треба да се изготви анализа која треба да ја одреди техниката, економската , еколошката и финасиската оправданост на реализацијата на проектот гасоводен крак. Сеуште не се знае од каде ќе биде пуштен крак за сабдување на Македонија со рускиот гас. Руски Газпром допрва ќе решава дали кракот ќе го направи преку Србија или Грција. Плановите велат дека гасоводот „Јужен тек“ треба да биде готов до 2015 година, кога ќе протечат првите количини гас кон Централна и Јужна Европа. Според најавите, капацитетот ќе биде 63  милијарди метри кубни годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите