05 Декември, 2025
0.2023

Гасоводот кон Неготино на хартија готов, се чека одобрение од Русите!

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2012 20:57

Добивај вести на Viber

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најави почеток на изградбата на гасоводот следната година, продолжение на постоечката траса кон Неготино. - Пред три дена заврши мисијата од компанијата Стројтрансгас. Ги договоривме сите детали и останува уште едно отворено прашање кое тие треба да го надминат со нивното Министерство за финансии, кое очекуваме да биде затворено до крајот на оваа година. Очекуваме оваа година или на почетокот на наредната да добиеме и финансиска понуда. Значи реално би било, како што и претходно најавивме, во првиот квартал од наредната година да започнат градежните работи за изградба на гасоводната магистрална мрежа од Клечовце се до ТЕЦ Неготино, изјави министерот Јанакиески. За вториот дел, додаде Јанакиески, односно изградба на гасификациона мрежа од ТЕЦ „Неготино“ па се до РЕК „Битола“, изградба на гасификациона мрежа од Скопје па се до Гостивар, треба да се чека Европската банка за обнова и развој. - На последната седница на Влада го одобривме договорот за консултант. Очекувам на почетокот на месец декември тој да биде потпишан. Обврска на консултантот е во максимален период од четири месеци да направи анализа на целокупната документација што ја имаме изработено ние како Влада и да види дали нешто во таа документација треба да се подобри. Доколку добиеме одобрување дека целокупната документација, согласно правилата на ЕБРД тогаш заедно со Министерството за финансии би започнале постапка за преговарање на обезбедување средства за изградба на вториот дел од гасифиакционата мрежа во Република Македонија, нагласи Јанакиески. Министерот информираше дека речиси 90 проценти од експропријацијата е завршена. - Очекувам во декември целосно да завршиме со експропријацијата, а тоа е основ и да се издаде одобрение за градење. Наша обврска кон Руската федерација е да ги обезбедиме сите документи до одобрение за градење, изјави министерот за транспорт. На отворената седница на Владата на дневен ред е и Информацијата за развој на дистрибутивна мрежа на природен гас во Македонија, во која, според Јанакиески, се дава преглед на она што досега е изградено, како и она што е планирано а за што веќе ги информираше членовите на Владата. - Во самата информација се дава заклучок до Министерството за транспорт и врски во соработка со двајцата вицепремиери, Министерството за економија да почнеме постапка за изнаоѓање на консултантска куќа која ќе направи студија за изградба на секундарна и терцијална мрежа во Република Македонија. Би оделе по примерот на Хрватска.  Градовите што имаат поголем број индустриски капацитети, граѓани... би оделе во ист пакет со општините каде што има помал број индустриски капацитети, помал број граѓани односно атрактивна со неатрактивна општина.  Би оделе на ниво на региони за да можат тие да бидат поатрактивни за идните инвеститори, појасни министерот. Инакудосега гасификацијата тапкаше во место, а и во буџетот за следната година за гасификација се предвидени само 4 милиони евра, дали овојпат ќе се остварат најавите за изградба на гасоводот со затворање на клириншкиот долг кон Русија останува нејасно, бидејќи како што реле и самиот министер се уште има отворени прашања во руското министерство за финансии.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец