28 Септември, 2024
0.0333

“Гаспром” ја откри Украина – задржувала од гасот наменет за Европа

Објавено во: Анализа 24 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Рускиот гасен гигант "Газпром" соопшти за задржување на количини природен гас наменети за Европа, од страна на Украина. Прв пат задржување имало на 19 јуни - 3,8 милиони кубни метри, прецизира руската новинска агенција "Интерфакс". Податоците на "Газпром" покажуваат дека соголување имало и на 20 јуни - 4,5 милиони кубни метри, и на 21 јуни - 1 милион кубни метри. За едно деноноќие низ територијата на Украина минуваат околу 186 милиони кубни метри гас, наменети за европските потрошувачи. Потсетуваме дека на 16 јуни Русија го прекине дотурот на природен гас за Украина, откако двете страни не успеаја да се договорат за цената на природниот гас и големината на обврските на Киев за купување на суровината. Во меѓувреме "Газпром" се сврте кон арбитражниот суд во Стокхолм со тужба за 4,45 милијарди долари против украинската страна. Ситуацијата со снабдувањето со природен гас може да се влоши нагло, бидејќи во текот на оваа недела ќе биде извршена планска поправка на "Северен поток", што значи запирање на гасниот проток барем до почетокот на јули. Во исто време, ако Москва ги запре и транзитните испораки преку Украина, Европа за некое време ќе мора да се потпре на другите извори и сопствените резерви, за да ги задоволува потребите од сино гориво. Ако се вратиме на она што се случило во 2009 година, можноста европските клиенти на "Газпром" да останат без гас воопшто не е за занемарување - пред пет години Москва и Киев се скараа токму за цената на природниот гас за Украина и нејзините стари долгови. Тогаш "Гаспром" престана да испорачува гас на Украина, а неколку дена подоцна воспостави задржување на количества природен гас, кои Украинците ги објаснија со технолошките потреби за пренос на суровината. До разјаснување на ситуацијата Москва ги прекина сите испораки во украинските цевки и држави, кои се потпираат целосно на транзитот преку Украина, останаа среде зима без снабдување со природен гас. Потсетуваме дека ЕК и Русија преговараат за активностите на гасоводот OPAL - продолжението на "Северен поток" од Германија кон Западна и Централна Европа. Во моментов односот функционира со намалени количини, бидејќи не ги исполнува барањата на Третиот либерализационен пакет. Преговорите сепак се замрзнати поради санкциите против Русија поради анексија на Крим. К.К.