29 Април, 2024
0.0247

Гаспром ја разгоре политичката војна меѓу Украина и Русија, како ќе се реши гасниот спор!?

Објавено во: Свет 30 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Руски аналитичари не ја исклучуваат можноста од нова опасна војна меѓу Москва и Киев, откако компанијата Гаспром подготви сметка на седум милијарди долари за гас, пишува Б92.

Рускиот сајт Лента го пренесува ставот на аналитичарот Александар Поливанов, кој оценува дека поради монополот кој Гаспром сега го има на украинскиот пазар, владата во Киев е во позиција на гонета ѕверка и дека нема друг избор туку да се спротивстави на гасниот диктат на Москва која бара Украина да плати огромни пенали поради тоа што лани не ја преземала договорената количина на руски гас.

Според претходниот потпишан договор, Украина е должна годишно од Русија да увезува најмалку 33 милијарди кубици гас, а ако таа количина е помала должна е да плаќа пенали. Меѓутоа, лани Украина презела од Русија само 26 милијарди кубици гас, плаќајќи за 1000 кубици гориво во просек околу 430 долари, а оваа година гасните испораки како што е најавено во Киев, веројатно ќе се намалат во однос на 2012 година, на само 18 милијарди кубици. Поливанов за Лента наведува дека Гаспром во изминатите неколку години ги добил речиси сите битки против Украина, дека сумата од 7 милијарди долари е толку голема што не треба да се има илузии дека од хронично тенкиот украински буџет ќе се најдат средства за таа намена, бидејќи тоа приближно е една шестина од годишниот буџет на поранешната советска република.

Освен тоа, аналитичарот тврди дека било кој од челните политичари во Киев кој би се осудил позитивно да реагира на барањето на Гаспром, за секогаш ќе ја запечати својата кариера. Посебно што украинското стопанство лани било во ужасно лоша состојба и нема никакви основи дека оваа година ќе биде нешто подобра од лани.

Во анализата се потсетува дека за астрономското барање на Гаспром ќе се расправа во Арбитражниот суд, чие седиште е во Стокхолм, а кој под политички притисоци од ЕУ во овој спор може да застане на страната на Украина. Властите на ЕУ, уште претходно заземаа жестока позиција кон Гаспром, бидејќи сметаат дека компанијата не може истовремено да биде производител и да испорачува гас. Кога се работи за позицијата на Украина, а по повод најновиот гасен спор со соседна Русија, треба да се има предвид дека владата во Киев изминатата година упорно работеше на привлекување на партнери кои би помогнале за неколку години во земјата да се обезбеди значителна количина на гас од шкрилци во Донјецката област.

Дури и да не се остварат амбициозните планови за производство на гас во Украина, на Киев му е во интерес постојано да го одложува конечното решение на гасниот спор со Москва и така да добие на време, бидејќи кога ќе обезбеди доволно високо сопствено производство на тој енергенс, Гаспром ќе се најде во неповолна позиција и веројатно подготвен да го прости поранешниот долг.

Во секој случај и без идно разгорување на спорот со Украина, угледот на Гаспром во ЕУ во текот на следниот период може сериозно да биде нарушен, бидејќи во Русија не кријат дека гасниот спор со Киев пред се е инициран од политички причини. Москва нуди голем попуст на цената на гасот, ако Украина влезе во Царинскиот сојуз на Русија, Белорусија и Казахстан Таквиот притисок на Украина според оценката на Поливанов, на крај Русија може да ја чини многу повеќе од сумата која сега ја бара од Киев, бидејќи би ги ослабела позициите на за неа клучниот европски пазар, каде годишно испорачува над 120 милијарди кубици гас и заработува десетици милијарди долари. Инаку, Русија забрзано работи на елиминирање на зависноста од украинскиот дел на меѓународниот гасовод, преку кој тој енергенс се испорачува на Европа.

Гасоводот Северен тек веќе стана оперативен, а кон крајот на минатата година официјално почна изградбата и на Јужен тек, па за четири години кога двата гасовода ќе работат со полн капацитет, низ тие гасоводи до купувачите во Европа ќе можат да се испорачаат околу 130 милијарди кубици гас. Тоа е рамно на сегашниот капацитет на украинскиот гасовод, пишува Б92.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД