18 Декември, 2025
0.6012

Гаспром: Можни се прекини на испораката на гас во Европа преку Украина

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2015 18:06

Добивај вести на Viber

Рускиот гасен гигант Гаспром предупреди денес дека можни се прекини во испораката на гас во Европската унија преку Украина, наспроти руско – украинскиот договор од Брисел за решавање на спорот околу гасот. „И понатаму постојат ризици во дистрибуцијата на гас преку територијата на Украина оваа зима, бидејќи Украина, поради своите финансиски проблеми не беше во можност да ги купи неопходни количини на гас во ноември и декември минатата година и затоа што нејзините резерви на гас во подземјите складишта значително се намалени“, рекол директорот на Гаспром, Алексеј Милер. Директорот на Гаспром ја предупредил ЕУ дека ќе мора со сопствени средства да си обезбеди гас кога Гаспром ќе заврши со изградбата на турскиот гасовод по напуштање на проектот Јужен тек. Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шевќович денес престојува во Москва, во посета посветена на изградбата на гасоводот кој треба да поминува преку територијата на Турција до границата на Европската унија. „Турскиот гасовод ќе биде единствен гасовод преку кој ќе се испорачуваат 63 милијарди кубни метри руски гас, кој во моментов поминува преку територијата на Украина. Други можности нема“, се наведува во соопштението на Милер по состанокот со Шевќович. Рускиот премиер Дмитриј Медведев предупреди денес дека Москва има право пред време од Украина да бара отплата на долгот од три милијарди долари и дека наскоро ќе донесе одлука по основ на ова прашање. Русија и одобри на Украина кредит од 15 милијарди долари во декември 2013 година кога на власт беше прорускиот украински претседател Виктор Јанукович. По исплатата на три милијарди, Русија го поништи договорот поради промена на режимот во земјата.  

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил