29 Септември, 2024
0.0232

“Гаспром”пред светла иднина – извозот во Европа може да се зголеми за 10%

Објавено во: Анализа 06 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Во оваа година извозот на руско “сино гориво” за Европа ќе порасне за 10% до 166 милијарди кубни метри, што е речиси еднакво на рекордни количини извезени во 2013 година, ова го прогнозираат аналитичарите на “Голдман Сакс”. Во септември 2014 година “Гаспром” почна да го ограничува извозот за Европа, за да спречи Реверсна испораки за Украина, која започна да добива “сино гориво” од Словачка. Како резултат на тоа, во четвртиот квартал извозот за Европа се намали за 24% до 33,4 милијарди кубни метри, а во јануари-февруари падна за уште 28% до 21 милијарди. Овие ограничувања можеа да го чинат “Газпром” помеѓу 5 и 6 милијарди долари од нереализирани добивки и казни, соопштува “Ведомости”. “Газпром” остро го зголеми извозот за Европа, извршувајќи ги сите наредби на корисниците, откако на почетокот на март во Москва со рускиот претседател Владимир Путин се состана италијанскиот премиер Матео Рензо. Чија земај е еден од најголемите потрошувачи на руски гас, а со претседателот на “Гаспром” Алексеј Милер – шефот на “Винтерсхал” Рајнер Зееле, кој наскоро ќе го предводи австриската ОМВ, уште еден голем клиент на “Газпром” . Детали не се објавени, единственото нешто што се знае дека при овие разговори било разговарано за проектот за гасоводот “Турски поток”. Следниот ден Путин изјави дека испораките во Европа треба да се одвиваат во полн обем. Денес во Европа се извезуваат над 400 милиони кубни метри гас дневно, изјави претставник на “Гаспром”. Други два извора тврдат дека извозот надминува 450 милиони кубни метри дневно против 350 милиони кубни метри дневно во периодот јануари-февруари. Аналитичарите на “Голдман Сакс” посочуваат дека европските потрошувачи, исто така не се брзаат да го зголемат увозот, очекувајќи пад на цените поради намалувањето на беррзите на нафтата . 09aae95e-d388-40cf-8570-8d2ddf4db417-Goldman-Sachs11     Гасните цени ќе се намалуваат со 6-9 месеци подоцна. Поради оваа причина најниски цени на рускиот гас ќе се совпаднат со третиот квартал од оваа година, кога ќе биде врв на потрошувачката. Ако во 2014 година просечната цена на рускиот гас во Европа во 2014 година беше 340-345 долари за 1.000 кубни метри, тогаш во третиот квартал таа ќе се спушти до 230 долари, се вели во анализата на “Голдман Сакс”. И тоа ќе се одрази негативно на приходите на компанијата. К.К.