Газа: Најкрвавата ноќ, 60 мртви
Објавено во: Свет 29 Јули, 2014 15:50
Палестинското Министерство за здравје наведе дека во последните 24 часа се убиени 110 луѓе, а 60 од полноќ, како и дека сите членови на седум семејства загинале во текот на ноќта, пренсува Би-Би-Си.
Досега најјакиот удар на израелската војска следеше откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху предупреди дека претстои долготраен судир и дека ИДФ нема да се откаже од борбите.
ИДФ ја продолжи офанзивата и во текот на утрово, а од Газа пристигна информација дека две израелски тенковски гранати погодиле резервоар со гориво на една електрична централа.
Огромен облак со црн дим се подгинал после експлозијата над градот на брегот на Средоземното море . Џамал Дардасави, портпарол на компанијата на електродистрибуција во Газа, рекол дека гранатите погодиле еден од трите резервоари во централата со залихите на гориво.
Во текот на ноќта уништени се 55 куќи, а палестински извори тврдат дека луѓето се затрупани во рушевини во најмалку три куќи. Уништена е и празната куќа на лидерот на Хамас во појасот Газа Исмаил Ханиј, поранешниот палестински премиер.
Целено е кон девет други згради, три џамии и четири фабрики исто така се уништени. Нападнати се радио и ТВ станиците во Хамас, владините згради, вклучувајќи го и министерството за финансии и комплексот на министерството за надворешни работи. Пристаништето во Газа е исто така уништено, а две училишта и градинка исто така се запалени, откако се нападнати.
Военото крило на Хамас соопшти дека во текот на ноќта се исфрлени 14 ракети, а ракаетирањето денеска е продолжено и сирените се огласиле во градот Ашкелон и во градовите на границата со појасот Газа.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки - мун изрази загриженост поради извештајот дека Израел повторно фрлал ракети, предупредувајќи го населението на северниот дел од таа палестинска територија да се евакуира, пренесува Би-Би-Си.
И додека насилствата ескалираат дипломати на Велика Британија, Франција, Германија, Италија и САД ветуваат дека ќе ги зголемат напорите да ги убедат и двете страни да го прифатат примирјето.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




