Газди земале државни субвенции, на вработените не им давале плати
Објавено во: Економија 28 Јули, 2020
Ги зеле парите од државата за субвенционирање на платите, но не им ја исплатиле платата на работниците - Управата за јавни приходи има сознанија дека некои работодавачи од повеќе градови во земјава практично ја злоупотребиле мерката која Владата ја носеше за помош на фирмите во криза. Станува збор за работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга. Согласно правилата тие добиваа помош за платите за да не ги отпуштаат вработените.
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска апелираше газдите да ги исплатат платите.
„Сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите. Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени, вели Лукаревска.
Појасни дека доколку не се постапи и по овој апел, веќе се во координација со Државниот инспекторат за труд за да се преземат мерки согласно закон, кој предвидува присилна наплата, глоби и враќање на средствата назад.
За ова веќе апелираа и од Гласен текстилец.
Таа денеска ги соопшти податоците од реализацијата на мерката во април, мај и јуни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.