15 Декември, 2025
0.0565

Газдите на „Биотек“ во експанзија, купуваат акции и се здружуваат со контроверзен бизнисмен

Објавено во: Економија 13 Септември, 2023 09:53

Добивај вести на Viber

По остварените надпросечни приходи и добивки за време на корона кризата, семејството Синадинови како сопственици на „Биотек Лабораторија“ во изминатиот период се во вистинска инвестициска експанзија.

Компанијата која стана особено позната откако спроведуваше ковид тестирање во својот синџир лаборатории, минатата недела стана нов познат акционер во фармацевтската компанија „Реплек“ со удел од 6,3 отсто. „Биотек“ преку ноќ стана петти најголем сопственик откако за 1.115 акции плати 1,23 милиони евра

Во декември лани Биотек групацијата ја прошири својата палета на услуги, отворајќи и нова Поликлиника Биотек, во центарот на Скопје со Анкица Синадинова - Базерко како нејзин управител.. Поликлиниката, како што тогаш беше соопштено за медиумите, работи со дејностите педијатрија, гинекологија, интерна медицина, трудова медицина и трансфузиона медицина.  

Во текот на ова лето семејството Синадинови одлучува да инвестира и во градежниот сектор. Мартин Синадинов преку фирмата Ахема ја основа компанија МДА Доо Скопје за изградба на станови и други објекти. Тоа го прави заедно со „Електрометал“ на Александар Стојкоски.

Третиот член на семејството сопственици на „Биотек“ - Дејан Синадинов со истата фирма „Ахема“ на крајот на изминатиот месец ја основа „Унион Констракшн“ за изградба на станбени и нестанбени згради. Партнер на Синадинов преку „Нисабеја“ е контроверзниот македонски бизнисмен Дритон Шуки.

Минатата година беше објавено дека косовската полиција спречила украдена медицинска опрема од Македонија да заврши во косовската поликлиника „Авицена КС“ во сопственост на Шуки. Косовските медиуми јавија дека станува збор за опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот истата наводно ја купил за 10 илјади евра.

За скопјанецот беше објавено дека има бизнис во Косово и Македонија и дека е поврзан со политичари од двете земји. Како што објави косовската полиција на 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.

Македонските медиуми пак објавија дека Шуки во 2019 година донирал 32.000 евра на ДУИ. Како што објави „Радио Слободна Европа“, во декември 2019 година Шуки станал член на Централниот одбор на ДУИ и истата година бил најголем донатор на партијата.

Инаку, компанијата Биотек е основана 1999-тата година со основна дејност работа со медицински потрошен материјал и опрема за клинички и индустриски сектор. Во 2015 година Биотек го прошири своето работење и отвори ланец лаборатории во Скопје. Лани беше најавено и дека во тек е отворањето на прва приватна генетска лабораторија во Македонија.

Инаку лани Биотек имал приходи од 11,5 милиони евра и добивка од 1,4 милиони евра.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година