Добивај вести на Viber
Одборот на директори на рускиот гасен гигант "Газпром" ќе ги зголемат со речиси една четвртина средствата за инвестиции во оваа година, станува јасно од порака објавена на страницата на компанијата.
Одлуката за инвестициската програма се објаснува од компанијата со потребата од повеќе средства за приоритетни стратешки проекти, меѓу кои "Јужен поток" и "Сила Сибир", како и со повеќе инвестиции во гасоводните проекти на компанијата.
За време на состанокот во вторникот раководството на "Гаспром" ја утврди новата инвестициона програма на државната компанија која предвидува зголемување на средствата за инвестиции во проекти со 220 милијарди рубљи кон предлогот, одобрен во декември 2013 година.
На овој начин "Газпром" ќе располага со малку над 1 трилион рубљи за нови проекти во текот на целата 2014 година. Веста за зголемените средства за инвестиции доаѓа и покрај јасната слика на значителното намалување на профитот, кој "Газпром" го реализира во првата половина на оваа година.
Зголемувањето ќе биде насочено главно за капитални инвестиции, за што ќе бидат вложени 804 милијарди рубљи, или со 106 милијарди рубљи повеќе од одобрените трошоци кон крајот на минатата година. За капитални инвестиции ќе бидат инвестирани 816 милијарди рубљи, што е раст со 115 милијарди рубљи.
Потсетуваме дека "Јужен тек" е сметан за приоритетен проект од "Газпром", но европските власти не го дефинираат како витален за Стариот континент. Европската комисија има забелешки на проектот, главно поврзани со компатибилноста со европските правила за либерализацијата на пазарот.
Брисел реално не може да ја запре изградбата, туку само може да попречи лиценцирање на цевките и нивното воведување во експлоатација. Во моментов, сепак изградбата на копнениот дел од трасата е блокиран поради кривична постапка против Бугарија - европските власти се сомневаат во транспарентноста на постапката за избор на изведувач на проектот на територијата на земјата.
Во исто време, сепак, работата на проектот не запира - испорачани се цевките за реализацијата на морскиот дел од трасата што минува низ територијата на Русија, Турција и Бугарија. "Газпром" продолжува да потпишува договори и да создава заеднички компании за реализација на "Јужен поток" со различни европски држави.
К.К.