Газпром прецизира со Грција и Србија реализација на „Турски поток“
Објавено во: Балкан, Економија 18 Јуни, 2015 19:07
Додека експертите се прашуваат дали не е дојден крајот на проектот „Турски поток“, со оглед на информациите за проширувањето на „Северен поток“, „Гаспром“ побива слични претпоставки.
Во рамките на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург шефот на руската гасна компанија Алексеј Милер остварил разговори со српскиот вицепремиер Ивица Дачиќ и со енергетскиот министер на Грција Панајотис Лафазанис.
За време на средбите се дискутирале токму прашањата за испорака на синото гориво до двете балкански држави преку „Турски поток“.
Милер и Дачиќ разговарале за маршрутите по кои Русија ќе пренесува гас до Србија по 2019 година, кога завршува договорот за транзит преку Украина, како акцент било варијантата „Турски поток“.
Со грчкиот министер Милер пак коментирале за потпишувањето на меморандум за изградба на продолжението на „Турски поток“ на грчка територија.
Од Газпром истакнуваат дека двете страни ги финализираат преговорите за изградба продолжението на „Турскиот поток“.
Се претпоставува дека на границата помеѓу Турција и Грција ќе биде изграден гасен центар, а земјите од ЕУ ќе треба сами да обезбедат транспортни капацитети за испорака на гас до своите територии.
Потсетуваме по посетата на Москва во февруари месец оваа година еврокомесарот Шефчович изразил збунетост од проектот на „Газпром“ за „Турски поток“, кој според него е целосно финансиски неоправдано.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




