19 Декември, 2025
0.0190

Генерал-мајор Методија Величковски наследник на Котески?!

Објавено во: 17 Август, 2015 20:27

Добивај вести на Viber

Фактор неофицијално дознава дека можен наследник на разрешениот началник на ГШ Горанчо Котески е командантот на здружената оперативна команда Генерал-мајор Методија Величковски, а покрај него во игра се уште двајца високи офицери, директорот на ГШ на АРМ Генерал-мајор Димче Петровски и Бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, командант на единицата за специјални операции на АРМ..

Официјално ќе се знае утре на инаугурацијата на новиот началник на свечената церемонија по повод Денот на армијата, кога и официјално ќе биде прочитан указот за назначување на новиот началник.

Генерал-мајор Методија Величковски  во 2012 ја прими  должноста на бригадниот генерал,  командант на Здружената оперативна команда, инаку дотогашен  командант на Втората механизирана пешадиска бригада.

Како, што соопшти денеска Фактор  Горанчо Котески е разрешен од функцијата началник . Генералштабот на Армијата на Република Македонија, веќе цела година имаше нелегитимен началник, бидејќи беше истечен мандатот на началникот, а надлежните молчеа по ова прашање.Котески на функцијата беше именуван на 18 август 2011 година, а тој ден го наследи генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Токму Стојановски шест години беше генерал на ГШ.Имено, денеска се одржа свеченост по повод на Денот на АРМ , 18 август и 23  години постоење.Началникот на ГШ на АРМ Котески се обрати на свеченоста и истакна дека ќе предложи со децентрализацијата на финансиските средства од Армијата кон потчинетите команди и единици, како и измени на Законот за јавни набавки.Тој смета дека ова е потребно да се направи затоа што во одреден момент може да се доведе во прашање ефикасното извршување на задачите на армијата во мир или војна. Котевски денеска дел од говорот посвети и на модернизацијата на Армијата и најави нов план кој го нарече како императив кој мора да се направи во интерес на одбраната и безбедноста на нашата земја. Се поставува прашањето: Заслужи ли Котески да биде сменет?