Генералката во ОКТА чини 11 милиони евра! Што добива најголемиот акционер ЕЛ.П.ЕТ?
Објавено во: Економија 30 Септември, 2024
ОКТА и нејзниот доминантен сопственик од јули до сега во македонската економија вбризгаа над 11 милиони евра за да купат 13,5 отсто од сите акции на ОКТА – најголемата македонска компанија за трговија на големо со нафтени деривати. Останува ЕЛ.П.ЕТ да плати уште стотина илјади евра по што ќе му отвори можност со присилен откуп да ги купи сите акции и да постане единствен акционер на ОКТА.
„ЕЛ.П.ЕТ Балканике Петролеум“ грчка државна нафтена компанија ја делат помалку од 100.000 евра за да да стане целосен односно 100 отстотен сопственик на ОКТА – најголемата компанија за трговија на големо со нафтени деривати во Македонија.
Според последната официјална објава на грчката компанија, достапна на берзанскиот информативен сервис СЕИ НЕТ на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=69872, ЕЛ.П.ЕТ поседува 84,88 проценти од сите акции со право на глас во ОКТА.
Тоа значи дека на ЕЛ.П.ЕТ деновиве му остануваат да докупи уште 1.015 акции во ОКТА за да го исполни законскиот услов и да стане единствен сопствен на најголемата македонска компанија за трговија на големо со нафтени деривати.
Имено, од јули наваму ЕЛ.П.ЕТ (порано популарно познат како „Хеленик Петролеум“) купи над 14 отсто од сите акции на ОКТА. Тогаш како што веќе пишувавме односно кон крајот на јули и почетокот на август своите акции во ОКТА ги продаде „Пуцко Петрол“ и од тие трансакции оствари чиста нето добивка (капитална разлика од куповна и продажна цена н.з.) односно заработи над 7,5 милиони евра.
ЕЛ.П.ЕТ по „чистењето“ на Пуцко Петрол од нивната сопственичка структура продолжи да откупува акции на берзанскиот пазар и тоа по фер односно пазарна цена од 5.900 денари како што плати и на „Пуцко петрол“. Сите домашни и правни физички лица од јули наваму кои сакаа ги продадоа своите акции по цена од речиси 100 евра за една акција. Тоа е исклучително фер потег на големиот односно мнозински акционер затоа што плати фер цена и за акциите кои ако сакаше можеше да ги купи ценкајки се и за пониска цена од таа што ја плати на „Пуцко Петрол“.
Што ќе претстои?
Многу помина, а малку остана за ЕЛ.П.ЕТ Балканики. Сега треба да докупи уште (по нашите калкулации 1.015 акции со право на глас во ОКТА) 1.015 акции со право на глас. Со тоа оваа компанија ќе стигне до фамозните 85 отсто посед акции во ОКТА. Поради тоа што ОКТА во сопствен откуп чува 10 проценти од акциите и тие може да се поништат со одлука на Собрание на акционери ЕЛ.П.ЕТ ќе го исполни законскиот услов за таканаречен „присилен“ откуп на сите слободни акции.
Во таков случај постои процедура во која по одобрение од регулаторот согласно позитивните законски норми ЕЛ.П.ЕТ ќе префрли на сметка во Депозитар средства за сите слободни акции односни тие што се во сопственост на мали акционери физички лица. Цената на акциите ќе биде иста како пазарната цена по која се тргувала таа акција. И со тоа малите акционер нема да бидат финансиски оштетени. Откако ќе заврши процедурата по сила на закон акциите ќе ги добие ЕЛ.П.ЕТ, а парите ќе легнат на сметките на сите акционери кои не продале до исполнување на условите за присилен откуп на акции.
Со завршувањето на оваа постапка ќе се намали материјалот за тргување на Македонска берза затоа што ќе има една компанија помалку чии акции досега се тргуваа во значајна мерка.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.