25 Ноември, 2024
0.0284

Георгиевски советува како да се реши македонско - бугарскиот спор

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, на Фејсбук го коментараше актуелниот  македонско-бугарски спор, за кој вели дека е влезен во ќорсокак. 

Тој дава предлог како да се реши спорот, и да не се создава омраза меѓу двата народи. 

Вели дека земјава треба да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија.  Според него, во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Георгиевски вели дека погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.


„Северна Македонија да даде гаранција (најверојатно тоа ке биде шести пат, три пати во контекст на Грција и трет пат специјално за Бугарија) дека како држава со ништо нема да ги помага и подржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија. Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ке изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944, и дека Бугарија со ништо не ги прифака тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина. (Оваа теза во Бугарија можеби ке биде прифатена како политичка игра тоа не е така, само ја нудам српската стратегија како тие ги решаваат нивните проблеми. Имено Србија го има истиот проблем со хрватскиот јазик, со босансктаа и црногорската нација и јазик, па дури и со македонскат нација и јазик. Но, Србија политички ги има признаено сите четири нации и јазика дури и на својата територија. И хрватскиот и црногорскиот и босанскиот и македонскиот се службени јазици во повеке српски општини. Ама српската наука историографија, лингвистика не го признава тој факт и секојдневно се бори со аргументи. Истата приказна е и со Македонија. Политиката максимално ја дава поддршката за македонска нација и јазик ама секоја година се печатат книги за Македонија како стара Србија, како ја ослободиле Македонија во балканските војни. Книги за српски манастири и цркви од време на Средновековието, а изгледа ги има доста. Да не спомнувам пак дека за Српската црква ние сме тотално Срби, а изгледа дека БПЦ ги поткрепува во таа намера.)“, пишува тој. 

Вели дека заедничката историска комисија треба да ја измени малку стратегијата, така што ќе се објават сите пет веке потврдени личности плус Гоце Делчев како општ, заеднички без многу детали и плус Глигор Прличев за кого прво се согласиле, па бугарската страна се повлекла.

„Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи тектови и објаснение и да почната да слават заедно. Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат. Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија. Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонци со бугарска национална свест. Според бугрски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани. Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарска јавност. Но и 1200 да се демократија треба да објави на виделина. Македонската страна да се задолжи во сите историски книги независно од државен или приватен издавач точна да го дава преводот посебно каде писателите пишувале Македоци или Бугари. Секој фалсификат да биде финансиски санкционран. Македонската историографија да ги корегира и да ги даде вистинските имиња на институциите, на пример Народна Федеративна Партија??? Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важнили личности. На пример фактот дека Гоце,Даме, Горче и стотици други биле учители на бугарската егзархија не е мала работа која ја криеме.
-И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот“, пишува Георгиевски. 

Вели дека македонската страна треба да признае дека целата македонска преродаба се обидувала да создаде заеднички јазик со бугарскиот, но врз база на македонските дијалекти, но бугарската интелегенција поради кратковидост кодифицирала јазик само врз база на северозападните дијалекти со штоа го отвориле патот на македонскиот јазичен сепаратизам. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ