06 Декември, 2025
0.0317

Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда: „Безбедноста на граѓаните на прво место“

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2025 07:43

Добивај вести на Viber

На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар со 19 гласа „за“ и и еден воздржан донесе одлука за суспендирање на примената на градежна парцела во рамки на ДУП „Буњаковец 1.

Причината за суспензијата е изградба на објект чија реализација може да предизвика сериозни безбедносни и правни импликации. Градежната парцела се наоѓа на аголот на булеварите Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Гологанов, а единствениот пристап до неа минува покрај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, каде се наоѓа резервоар со запаллива материја која се користи за греење, што претставува ризик од пожар и бара изработка на посебен елаборат со еколошки анализи и согласности.

Пристапот исто така минува преку подземни инсталации кои ја снабдуваат целата населба и студентскиот дом, како и преку објекти легализирани во минатото, пред повеќе години, за кои е потребна постапка за нивно отстанување , процес кој може да предизвика долги и комплексни правни последици.

Општината повеќе од две години работи на соодветно решавање на овој случај, но досегашните барања за соодветен сообраќаен проект не беа уважени од соодветните институции.

Поради тоа, се предлага суспензија за градење на конкретната градежна парцела се додека не се обезбедат безбедносни и правно сигурни услови за пристап и реализација на објектот.

„Мојот приоритет е безбедноста на граѓаните и инфраструктурата. Нема да дозволам да се загрози безбедноста на жителите на Центар, но истовремено ќе внимаваме да се заштитат интересите на сите инволвирани страни. Важно е да бидеме целосно сигурни дека сите услови се исполнети за да може да се гради објектот.Во меѓувреме, подготвуваме нов ДУП кој ќе ги реши овие прашања и ќе овозможи безбеден и законит пристап до парцелите“, истакна Герасимовски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија