05 Декември, 2025
0.1243

Германците прават нов проект, ќе се гради пругата кон Бугарија

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2013 20:49

Добивај вести на Viber

Иако почна да се гради пред две децении, изградбата на железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка повторно ќе почне, овојпат за две години. Пругата ќе биде долга околу 36 километри и е дел од Коридорот 8, а изработката на главниот проект ќе го прави германската консултантска компанија Обермаер (Obermeyer Hellas Ltd),од Минхен. Договорот беше потпишан денеска, по што Германците ќе треба да ја одредат најповолната траса на минување на пругата. Само проектот чини 2,4 милиони евра, пари обезбедени со грант од ЕБОР. Стариот проект, кој го изработија геометрите од Гранит пред дваесетина години, нема да се користи. Ќе се гради одново и она што беше претходно изградено, како голем број носечки столбови и поврзувања будејќи, како што посочуваат од железница,  потребно е новата пруга што ќе биде во согласност со стандардите на Европската железничка асоцијација. Пругата до Бугарија, која е дел од Коридор 8 треба да биде готова до 2022 година, а за неа, појасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе се бараат средства од ИПА фондови. „Планирано е оваа година да се склучи договор за првата делница од Куманово до Бељаковце, а согласно денешниот договор, до 2015 година треба да имаме компанија и за втората делница од Бељаковце до Крива Паланка. За последната делница од Крива Паланка до Бугарија ја имаме доставено целокупната документација до Европската комисија и чекаме одобрување. Очекуваме во текот на оваа година да се распише повик за ангажирање на консултантска компанија која ќе го изработи проектот за оваа делница“, изјави Јанакиески. За првата делница Куманово - Бељаковце која е планирано да заврши до 2017 година се обезбедени 46,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите