28 Септември, 2024
0.0240

Германците се налутија – не даваат пари за нови патишта

Објавено во: Анализа 24 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Нелогично е политичарите да бараат уште пари, а истовремено гордо да објавуваат како приходите од даноци се на рекордно ниво во историјата на Германија. Ова е само еден од коментарите на медиумите по предлогот возачите да плаќаат уште еден данок, пренесува Дојче Веле. Се чини дека се потребни очи на странец за да се ценат германските патишта и улици. Државјаните на Германија, а посебно политичарите на своите сообраќајници гледаат сосем поинаку. Ништо овде не е во ред, се мора да се поправа и реновира, а за тоа се потребни милијарди. Баварските конзервативци уште минатата година дојдоа на специфична идеја да им наплаќаат патарина само на странците. И таа идеја ја внесоа во договорот за коалициска влада. Вињетите од идната година би требало да ги купуваат сите возачи, но на оние кои управуваат автомобил со германски регистарски ознаки за возврат ќе им биде намален данокот. Сега и еден социјалдемократ дојде до автентична идеја – Торстен Албиг, премиер на северната сојузна држава Шлезвиг-Холштајн бара посебен данок за реновирање на патиштата. Сите кои имаат автомобили би давале дополнителни стотина евра годишно, додека товарните возила би плаќале патарина за сите улици, а не само за автопатиштата. -Инфраструктурата ни е во прединфарктна состојба, вели Албиг. Германските медиуми пишуваат дека, најбогатата држава во Европа која кризата ја преброди многу полесно од останатите земји на континентот сега се покажува како итен случај. Посочувајки ја изјавата на Aлбиг, медиумите пишуваат дека станува збор за неспосбност на политичарите да се грижат за улиците и мостовите. Иако сообраќајната инфраструктура е одлучувачка за економијата, владеачката коалиција претпочита да финансира изборни подароци и ветувања. Предлогот на Албиг германските медиуми го сваќаат како знак за очајот на државата. -          Нешто е труло во државата Германија, пишува Форчајмер цајтунг оценувајки дека не е логично е политичарите да бараат уште пари, а истовремено гордо да објавуваат како приходите од даноци се на рекордно ниво во историјата на Германија. Годинава притоа се очекуваат приходи во износ од 600 милијарди евра. Кој ќе процени дека функционалната инфраструктура им е приоритет, тогаш мора да штеди на други места. Кој има среќа да управува со рекордни буџетски приходи не би смеел да помисли да воведува нови давачки, пушува весникот. Како и секогаш најсликовит е весникот Билд кој пишува дека ѓраганите малку добиваат од рекордните даночни приходи, тоа е како да купите леб  во пекара, а пекарот да не ви врати кусур. Нирнбергер цајтунг пишува дека и банките на автопатиштата можат да се позлатат ако државата ги вложи сите 52 милијарид евра, колку што годишно добива од даноци од моторни возила, акцизите за гориво и патарините за товарните возила. Но во патната инфарструктура се вложуваат само пет милијарди, а со останатите се крпат други дупки во буџетот. Бесрамно е пишува весникот, да им се заканувате на возачите со распад на улиците со цел да им извадите од џебот што повеќе пари. Уште еднаш оценуваат медиумите во Берлин, со ова се покажува дека татковината е очув за граѓаните и дека не се важни нашите пари. K.K.