14 Мај, 2024
0.0247

Германците учат да трошат пари што ги немаат

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

По падот на каматите, Германците се повеќе купуваат роба на кредит, информира Дојче веле. Тоа е бомба која отчукува и може лесно да експлодира, предупредуваат експертите. Долго време Германците претпазливо штедеа за на крајот да купат автомобил, да изградат куќа или да заминат на летување. Со оглед на „евтинитие“ пари, сега повеќето од нив „живеат на долг“. Но, долговите и се плаќаат, барем засега. Се чини дека глупав е оној кој штеди. Веќе долго време Европската централна банка „пумпа“ пари во оптек по исклучително ниски камати, па така и каматите на штедните влогови се едвај вредни за споменување. И покрај тоа, иако во Германија и понатаму се затвораат погоно и луѓето губат работа, во стопанството владее оптимизам и граѓаните не се толку загрижени за своите работни места како што беа пред неколку години. Резултатот е јасен: зошто да се чека утре да би се купило нов телевизор, кога тој може да се добие уште денес со поволен потрошувачки кредит? Весниците се полни со рекламни огласи во кои робата се нуди на плаќање на рати и тоа без никакви или со сосема минимални камати. Според податоците на службата за надзор на платежните способности, во моментов се отплатуваат преку 17 милиони потрошувачки кредити и тоа е напола повеќе од она што било пред десет години. Засега, воглавно уредно функционира и наплатата на ратите за кредитите, тврди Мајкл Берц од финансиската служба Кредитреформ. „Дисциплината на плаќање всушност и се подобри. Минатата година 79% од сите сметки се плаќаа во рок до 30 дена, а оваа година тоа е дури 83%“ - наведува тој. Секако и во Германија има луѓе кои не можат да ги плаќаат своите долгови. Според податоцие на Кредитреформ, всушност, секој десетти возрасен жител на Германија не е способен уредно да плаќа илу дури воопшто да го врати долгот. А секој од околу шест и половина милион такви граѓани имаат во просек долг во износ од околу 33.000 евра. Кога некоја компанија има таков муштерија, на располагање и се две можности, или сама ќе се обиде да ги наплати своите побарувања или ќе се обрати кај некоја од 560-те приватни фирми кои се специјализирани за наплата на долговите. Тие во моментов се занимаваат со околу пол милион случаи на повраток на парите и по правило се занимаваат со долговите на приватни лица. Кај Уве Берг е претседател на здружението кое ги собира компаниите за наплата на долговите и он по ниту една цена не се чувствува удобно во врска со новата страст на Германците, да ги трошат парите кои се уште ги немаат. „ Тоа е бомба која отчукува и лесно може да експлодире штом стопанската ситуација повторно малку се влоши“, смета Берг.      

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи