Германец во Охрид – Алиса во земјата на чудата!
Објавено во: Анализа 16 Август, 2013 09:55
Ова не е уреден комплекс за одмор, туку битие од мешавини, со висечка лежалка и холивудска лулашка, со живина во кафези и валкан базен, во кој некој уметнички надарен гостин нацртал огромна ајкула, пишува Рот.
Насекаде има расфрлани работи, дрвени буриња, саксии, расипани гитари. Овој амбиент на бабска градина кај некои би предизвикал желба за малку потсредување.“- вели странскиот гостин за условите во приватното сместување во Лагадин.
Ништо подобар впечаток не му оставиле ниту хотелите за коишто вели дека му личеле на „неколку километри од зданијата со кревети коишто се нарекуваат Бетон и Гранит, а исто така и изгледаат“.
А наместо да одмара, морал да ја трпи празничната веселба на домаќините. „Првата вечер се собраа некои гости на долга дрвена маса на празничен оброк со свежи салати и јадења од месо во големи количини до цркнување, придружени со домашна ракија и балканска поп музика од лаптоп. Си реков- ќе останам само до следното утро, но сепак издржав уште две ноќи.“- пишува Орт. Оваа негова репортажа на тиражниот „Шпигел“ имаше околу педесетина пренесувања по социјалните мрежи.
На неколку други форуми за патувања пак можат да се сретнат следниве коментари:
„Преминувањето на границата од Србија кон Македонија траеше 4 часа. Кога ќе видиш дека од петмина службеници само двајца работат на шалтерот и контролираат пасоши сфаќаш и зошто. Подоцна во Македонија, ѓубре насекаде. Паркиралиштата на автопатите, кои беа се’ освен уредени паркинзи, беа валкани. Нема каде да одиш во тоалет, зашто се’ беше валкано. Локалните жители те зјапаат како никогаш во животот да не виделе Европеец“.
„Улиците се преполни со ударни дупки и колобразди како и со прегазени животни. Никогаш повеќе нема да поминам низ Македонија“.
„Малечка земја со природни убавини за кои, за жал, што никој не се грижи“
Странците воопшто не ни се виновни за ваквата антиреклама за Македонија, тие првично дошле со добра намера. Но, нам очигледно ни е доволно за пофалба да речеме „расте број на странски туристи“, неважно колку од нив повторно би дошле на одмор....
Х.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





