18 Декември, 2025
0.0584

Германија бара работници, дали е тоа шанса за Македонците?

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2016 08:30

Добивај вести на Viber

Пазарот на трудот во Германија порасна како резултат на миграциските движења во Европа, па се отворија и нови работни места. Тоа секако е добра вест за Македонците кои се повеќе ја пикираат Германија како работна дестинација. „Севкупно, пазарот на трудот и понатаму се развива позитивно. Вработувањето расте брзо и побарувачката за работна сила се зголемува“, изјави шефот на агенцијата за вработување на Германија Франк Јирген Вајс. Потенцирајќи ги празнините кои се отворија кај германската работна сила и потребата за квалификувани работници, агенцијата објави дека има 655.000 слободни работни места во мај, што е  98.000 повеќе од април. Колкави се платите во Германија? Се разбира зависи од тоа што работите. Ако имате завршено за доктор, правник или инженер и секако, да работите во некоја голема компанија, тогаш може да се надевате на добра заработувачка во Германија. Вака изгледаат резултатите од моменталната состојба на платите за професионалците и менаџерите. Според најновото истражување најмногу заработуваат докторите или во просек 77.950 евра бруто годишно. „Само“ 65.040 евра е сумата која годишно ја земаат правниците, додека инженерите и IT професионалците заработуваат околу 59.000 евра годишно. Што се однесува до различните видови сектори, најдобро платени се работниците во банкарскиот сектор (62.541 евра), фармација (59.990 евра) и индустријата за возила (59.727 евра). Се разбира недоволно квалифицираните работни места се помалку платени, молери, општи работници, земаат по околу 8 - 10 евра од час, електричари 12 евра. Податоците покажаа дека најслабо се заработува на Исток. На пример, во Саксонија-Анхалт просечната плата е 38.309 евра годишно. Полошо се заработува и во Мекленбург- Западна Померанија (39.377 евра), Саксонија (40.022 евра), Браденбург (40.022 евра) и Тирингија (40.213 евра). Најдобро се заработува во Хесе, Баварија и Баден – Виртемберг. Вработените во помалите компании заработуваат речиси 10 проценти помалку од оние кои работат во поголеми компании. Иако станува збор за земја членка на ЕУ, каде што се наложува да има полова еднаквост, во Германија припадниците на посилнот пол годишно земаат повеќе плата од жените (пр. Докторите во просек повеќе од 16.720 евра).

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа