Германија-челична дисциплина: Немаат полициски час, а жива душа нема надвор
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Април, 2020
Саксонија, една од
16-тте германски покраини, со нешто повеќе од 4 милиони жители, од почетокот на
пандемијата на коронавирусот, конкретно од 6. Март, кога е регистран првиот
заболен пациент има вкупно 2.411 инфицирани луѓе и ниту еден смртен случај. За
Фактор велат дека таму не е воведен полициски час, но нема ни потреба, бидејќи
граѓаните најсовесно и најдисципинирано ги почитуваат воведените мерки
-Во моментов во Саксонија, конкретно во Лајпциг, немаме полициски час, но во други градови можеби постојат и некои построги мерки. Главно, се се сведува на основната превентивна мерка: луѓето да останат дома доколку тоа е возможно и да немаат контакт со други лица надвор од домаќинството во кое живеат. Тоа се почитува максимално од наша страна, па нема потреба да се воведува полициски час. И покрај фактот дека Лајпциг е град со околу 560.000 жители, улиците, булеварите, парковите, кои се целосно празни, буквалоно без ниту еден човек, вели за Фактор, Аналена Плес, 22-годишна жителка на Лајпциг.
Аналена појаснува дека наутро се слушаат автомобили низ градот, нагласуваќки постои мала рздвиженост, но тоа се малиот број луѓе, вработени во банките, администрацијата, продавниците за храна и аптеките кои мора да се појават на работното место.
-Сите тие работат само по неколку часа. Се е одлично снабдено, па веќе не постои првичната еуфорија дека одредени производи нема да може да се најдат во супермаркетите или во аптеките. Нема редици, но хигиената е на највисоко ниво. Од личното искуство, можам да кажам дека се дезинфицира се, дури и посттерминалите и платежните картички, вели Аналена.
И студентите од Македонија, кои во Саксонија се многу мал број, велат дека германските здравствени власти ситуацијата ја држат под строга контрола и не дозволуваат пандемијата да заземе големи размери.
-Интересно е дека јавнот превоз тука, трамваите, автобусите, С-Бан, У-бан, возат по редовен распоред, но на станиците едвај може да се забележат по максимум двајца, тројца луѓе. Метроата се целосно празни. Најмногу има велосипедисти, бидејќи, тоа е најсигурен начин на транспорт во моментов, вели Ања, студентка во Лајпциг од Скопје.
За неа, како што вели, најважни се студиите, Летниот семестар според академскиот календар треба да почне на 6. Април, а наставата ќе биде онлајн.-На сите факултети на Универзитетот Лајпциг
има известување дека летниот семестар ќе го почнеме навреме, но
предавањата ќе се реализираат онлај. Истовремено, не известија дека,
најверојатно вратите на Универзитетот ќе се отворат на 6.мај. Бидејќи наставата
ќе биде исклучиво преку Интернет, студентскиот дом, во кој живеам го зголеми
лимитот за од 300 на 600 гигабајти, со цел да немаме никакви пречки во
следењето на предавањата. Студентите добија и мејл со сите напатствија за
почитување на превентивните мерки, а посебно беше напоменато доколу
почувствуваме и најслаб симптом на коронавирусот, мала главоболка, блага
температура, буквално што било, освен што треба да побараме медицинска помош,
задолжително мора да ја известиме и управата на домот. Инаку, тука тестови
прават на сите, буквално на сите кои имаат макар и најслаб симптом на болеста,
вели Ања.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.