Германија ги отфрли барањата на Грција за исплата на репарации
Објавено во: Балкан 11 Април, 2013 13:33
Берлин ги отфрли барањата на Грција за исплата на репарации за штетите направени за време на Втората светска војна.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за „Ноје Оснабрјукер Цајтунг“ истакна дека грчкиот народ не треба да се движи во погрешна насока, додавајќи дека прашањето за испалата на репарации од Германија е јасно и оти нема „никаква надеж“ за таквите претензии.
- Патот на реформите е долг, Грците не треба да бидат дезориентирани. Грција до моментот постигна многу, но има уште многу од патот. И тој пат не треба да се пренасочува, посочи Шојбле.
Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос веднаш регаираше на изјавата на Шојбле, нагласувајќи дека без оглед дали прашањето е јасно или не, тоа ќе биде решено од меѓународното правосудство.
Аврамопулос посочи дека не треба да се поврзуваат реформите во Грција со прашањето за германските репарации.
- Прашањето за германските репарации како последица од Втората светска војна, со кое Грција подолго време се занимава е прашање со историски, хуманитарни, државни и правни параметри, истакна Аврамопулос.
Грчки експерти утврдиле дека Долгот на Германија кон Грција од Втората светска војна изнесува 162 милијарди евра, од кои 108 милијарди евра за изградба на разурнатата инфраструктура и 54 милијарди евра окупацискиот кредит, што грчката влада била принудена да го даде во периодот од 1942 до 1944 година. Вкупната сума од 162 милијарди евра е еднаква на 80 проценти од сегашниот бруто домашен производ на Грција, и ако тие средства бидат исплатени ќе се покрие поголем дел од државниот долг на земјата.
Грчки експерти подготвиле според кој се наведува дека Грција не добила компензации ниту за окупацискиот кредит, ниту пак за злосторствата направени кон нејзиниот народ за време на нацистичката окупација на земјата. Извештајот е заснован на 761 том архивски материјал - договори, законски акти и судска решенија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





