18 Декември, 2025
0.0594

Германија ќе и предложи на Грција флексибилен договор за обезбедување на помош?

Објавено во: Балкан, Економија 10 Јуни, 2015 19:13

Добивај вести на Viber

Владата на германската канцеларка Ангела Меркел може да се задоволи, ако Грција се обврзе со најмалку една економска реформа, побарана од кредиторите, за да се отклучи можноста за блокираните засега спасувачки средства, тврдат двајцата луѓе запознаени со позицијата на Германија.

Германците јавно сеуште инсистираат за целиот пакет мерки кој вклучува повисоки даноци, продажба на државни средства и пониски пензиски бенефиции, но тие можат да се задоволат првично и само со јасен ангажман од страна на грчката влада за останатите мерки за да се отклучи помошта, велат изворите, кои побарале да бидат анонимни.

Додека програмата за помош за Грција истекува на 30 јуни и засега нема изгледи за склучување на договор, коментарите ја одразуваат повеќе германската флексибилност отколку да ги укажуваат јавните изјави на владата. Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд може да одржат разговор подоцна денес со грчкиот премиер Алексис Ципрас, на маргините на Самитот на Европската унија, за да се обидат да го пробијат ќор-сокакот.

„Ако постои желба, ќе има и начин да се случи“, изјавила Меркел пред новинарите по пристигнувањето во Брисел.

„Целта е да се задржи Грција во еврозоната“ додала таа.

Сепак, таа истакнала дека Ципрас прв треба да покаже таква подготвеност. Меркел сепак потсети дека преговорите за грчкиот долг треба да продолжат со трите институции - ЕУ, ММФ и ЕЦБ.

Францускиот претседател Франсоа Оланд за возврат ги повика на брзо завршување на преговорите меѓу Атина и кредиторите. При пристигнувањето во Брисел, тој истакнал: „Ќе имаме само една порака: сега треба да брзаме, да не се мотаме, да не дозволуваме да се мисли за решенија кои би биле лоши и за Грција, и за Европската унија, и за еврозоната“. Пред новинарите во Брисел, тој инсистирал „да работиме, да брзаме и да завршиме“.

Според него, ако е можно заедно со Меркел, Ципрас (грчкиот премиер) и други државни раководители ќе биде подигната темата за Грција. Тој го изјавил ова во момент кога на маргините на самитот се слушаат гласини за можна средба меѓу лидерите на Германија, Франција и Грција.

Портпаролот на Европската комисија Маргаритис Скинас соопшти дека според заменик-претседателот на Европската комисија задолжен за еврото и социјалниот дијалог, Валдис Домбровскис, има можност за флексибилност и некои мерки предложени од кредиторите, да бидат заменети со мерки со сличен ефект врз државните финансии , особено во областите на ДДВ и на пензиите.

Сепак Скинас истакна дека Домбровскис ја истакнал потребата да се прифатат сите цели за грчкиот примарен суфицит - буџетот, долговите и плаќањето на каматата.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата