15 Јануари, 2025
0.0431

Германија ќе одреди економски советник во кабинетот на Заев

Објавено во: Економија 05 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Во пресрет на нејзината посета на Македонија, германската канцеларка Ангела Меркел ќе обезбеди економски стручњаци кои ќе ја мониторираат македонската економија, потврди премиерот Зоран Заев.

Тој најави формирање на германско-македонски управувачки комитет, кој ќе одлучува за економски прашања, односно со други зборови контролирано ќе се влијае на унапредувањето на македонската економија.

„Новина е тоа што со канцеларката Ангела Меркел веќе потврдивме управувачки комитет за економија. Зошто со Меркел? Знаете дека освен со домашната економија, ние имаме сериозна, најголема трговска поврзаност со Германија. Се очекува 2018 да заврши со трговска размена од 4 милијарди евра. Во 2017 беше 3,6 милијарди, каде што ние импозантно доминираме во извозот. Тоа потврдува и колку германски компании имаме во Македонија. Овој управувачки комитет меѓу Македонија и Германија ќе биде само за економијата, не за политиката“, најави премиерот дополнувајќи дека ќе има уште еден советник“.

Според зборовите на премиерот, Германија ќе го помага и надгледува економскиот развој директно со човек-посредник во кабинетот на македонскиот премиер.

„И идниот советник кој ќе биде во мојот кабинет ќе биде предочен директно од Германија, посебно од економската заедница. Тој најмногу ќе биде посветен на дуалната едукација, односно подготовката на квалификувана работна сила“, укажа премиерот Заев посочувајќи дека бизнис-заедница е свесна оти тоа е добредојдено и дека оваа помош нема да се однесува само на германските компании, заради тоа што подготовката ќе оди на целиот кадар и ќе биде сериозно олеснување и можност за домашното стопанство“, наведе Заев.


Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата