28 Септември, 2024
0.0287

ГЕРМАНИЈА: новиот владетел на авиотранспортот?

Објавено во: Анализа 29 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Германските ниско буџетни авиокомпании го зголемуваат бројот на летовите и дестинациите надвор од родната Германија, но во исто време цените почнуваат да растат и тоа може да ја сопне нивната желба за експанзија во Европа. Ова станува јасно од податоците за развојот на индустријата во 2013 година, изготвени од Германскиот центар за воздухопловство. Во зимската сезона за 2014 година германските авиокомпании ги зголемиле за 10% бројот на дестинациите, наспроти почетокот на 2013 година, коментира директорот на институтот Петер Берщер, цитиран на сајтот на институцијата. Податоците покажуваат уште дека летовите до Шпанија, на пример, растат со 28%, до Велика Британија 14%, а до Австрија - со 10 проценти. Вклучуваат и нови дестинации, како на пример кон Естонија. Во исто време авиокомпаниите ги кастрат правците во Германија - бројот на внатрешни дестинации се намалува за 10 отсто . И покрај овие податоци , сепак планираното проширување може да биде ограничено од зголемените цени на авионските билети. Минатата година патувањето со германска нискотарифна авиокомпанија чинело помеѓу 70 и 160 евра. Во 2012 година опсегот се движел меѓу 60 и 120 евра. Главната конкурентска предност на компаниите од оваа класа е токму цената на билетот. Тие често летаат до далечните, регионални аеродроми, а не на меѓународните, имаат ограничувања за багажот - и рачниот, и тој во багажниот простор, но пак за минимална сума може да биде посетена дестинација од соништата. Затоа и покрај зголемените цени нискотарифните компании опслужуваат скоро 1/3 од патниците на аеродромите во Германија. Според податоци на Германскиот центар за воздухопловство во 2013 година патниците со нискотарифна авиокомпанија биле 65 милиони од вкупно 203 милиони лица, кои биле услужени на терминалите на аеродромите во Германија. Во земјата има 26 меѓународни и регионални аеродроми. Лидер на пазарот на ниско буџетни компании во Германија е Air Berlin со околу 1,7 илјади летови неделно. Компанијата држи 42% од пазарот во земјата. На пазарот во Европа лидер во овој сектор е ирската Ryanair, признаваат сепак авторите на извештајот. Компанијата остварува 7,5 илјади летови неделно и држи 22% од пазарот на нискотарифините услуги во Европа. Лондонскиот аеродром "Гетвик", пак, е срцето на нискотарифните индустрија во Европа - оттаму се спроведуваат над 7 илјади полетувања на компаниите во секторот. К.К.