19 Декември, 2025
0.0362

ГЕРМАНИЈА ВЕТЕНА ЗЕМЈА: Повеќе од 400.000 луѓе од оваа земја се иселиле таму

Објавено во: Економија, Балкан 03 Февруари, 2019 11:54

Добивај вести на Viber

Германија е ветена земја за Бугарите.

Во Германија живеат повеќе од 416.000 Бугари, објавија Министерството за надворешни работи на Бугарија и Агенцијата за Бугарите во странство.

Во 2011 година податоците на Министерството покажуваат дека во Германија имало нешто помалку од 75 илјади жители. За седум години бројката на Бугари во Германија се зголемила за 341 илјада. 

Ако се споредат новите податоци со податоците од пред седум години (од претходниот извештај на бугарското МНР), се доаѓа до заклучок дека во 2011 година бројот на бугарски граѓани во Германија бил само 74.869, а сега бројката е над 400 илјади.

Во Турција живеат 350 илјади Бугари, во САД - 300 илјади, Грција  300 илјади, Шпанија - 250 илјади, Велика Британија - 200 илјади, Италија - 120 илјади, Канада - 70 илјади, Австрија - 35 илјади, Молдавија - 31 илјади, Кипар - 25 илјади, Чешка исто така 25 илјади, Јужна Африка - 20 илјади, Швајцарија - 12 илјади, Норвешка - 7 илјади, ОАЕ - исто така 7 илјади, Малта - 6 илјади, за Полска - 4 илјади, за Јордан - илјада. За Франција бројката е 60-80 илјади, Австралија - 10-15 илјади, Нов Зеланд - 3-5 илјади.

За 2011 година, податоците за иселени Бугари во Велика Британија се 100.000 бугарски државјани, за Франција - 30.000, податоците за Турција - 500.000.  Може да се забележи дека бројот на бугарски граѓани во Велика Британија за 7 години се зголемил за 100.000, во Франција за 30-50.000, а за Турција опаднал за 150.000.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии