Германска помош од 35 милиони евра за ветерниците во Богданци и хидроцентралата Шпиље
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2013
За изградба на Ветерниот парк во Богданци и за хидроцентралата Шпиље, германската влада даде 35 милиони евра. Целта на оваа помош за двата исклучително важни проекти за енергетскиот сектор е подобрување на состојбите во оваа областа за што беше потпишана Спогодба за финансиска соработка за 2012 година за проектите од тежиштето „Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија фаза 3“, меѓу Владата на Германија и на Македонија.
„Висок приоритет за Македонија е енергетската ефикасност, односно енергијата што се добива од обновливи извори на енергија“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески кој информираше дена 15 милиони евра ќе одат во Богданци, додека со 20 милиони ќе се вложат во Шпиље.
Заемот кој го обезбеди германската КфВ банка е со рок од 12 години, со грејс период од три години и фиксна годишна камата од 2,5 отсто. Сите активности поврзани со проектот, како финансирањето на ветерните електрани, инфраструктурата и останатоте работи ќе ги координира ЕЛЕМ. Од оваа компанија посочија дека новиот проект ќе опслужува 60.000 граѓани годишно и ќе обезбеди поголемо учество на обновливите извори на енергија во вкупното производство на енергија во Македонија.