05 Декември, 2025
0.0983

Германски Баухаус се повлече од Србија, милијардерот Мишковиќ го враќа спорното земјиште

Објавено во: Балкан 06 Декември, 2012 11:16

Добивај вести на Viber

Компанијата „Delreal“ која е дел од „Делта холдинг“ денеска на градот Белград му поднесе молба со која бара престанок на правото на користење на земјиштето од Блокот 53 поради повлекувањето на германскиот малопродажен синџир, а нејзин партнер „Bauhaus“ од нивниот заеднички проект планиран да се гради на тоа место, изјави претседателот на Делреал, Воислав Главиниќ. Германскиот партнер буквата Баухаус вчера информираше дека компанијата ќе се повлече од заедничкиот проект на таа локација бидејќи веќе не може ги продолжува роковите и повеќе да чека да за добивање на градежна дозвола, поради што и кај  Делреал нема повеќе интерес за локацијата во Блок 53, рече на конференцијата Главиниќ. Според него, компанијата очекува да и бидат вратени платените пари и такси за правото на користење на оваа земја од над 10 милиони евра, како средствата кои се вложени за проектот и договорите со странскипт партнер кои според Делта чинат околу еден милион евра, и тоа заедно со сите камати почнувајќи од 2001 година. Главиниќ негираше дека сослушувањето на претседателот  на Делта холдинг, познатиот милијардер Мирослав Мишковиќ пред два дена во полиција имало некаква врска со одлуката на Делреал да се откажат од земјата, тврдејќи дека единствената причина за ова е повлекувањето на странскиот партнер. Тој рече дека компанијата Делреал повеќе од две години чекала конверзија на земјиштето преку правото за негово користење, бидејќи без тоа е невозможно да се добијат потребните градежни дозволи. Главиниќ рече дека со повлекувањето на германската компанија, Србија изгубила потенцијална инвестиција од повеќе од 100 милиони евра , Делреал изгубил 22 милиони, а требало да бидат отворени и над 1.500 нови работни места.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени