Германски Билд предлага продажба на грчки острови, стадиони и плажи
Објавено во: Балкан 21 Јули, 2015 10:51
На листата на германскиот таблоид Билд за приватизација со која доверителите наГрција би дошле до пари, се наоѓаат плажи, два владини авиони, 2500 згради во сопственост на Министерството за култура и повеќе од 77 илјади други недвижности во сопственост на грчката држава.
Грчката РТВ Скаи денес објави дека Билд на насловната страна пишува дека тие недвижности би можеле да се вклучат во новиот фонд за приватизација чие основање е наложено со минатонеделниот договор на Грција и останатите земји на еврозоната.
Напоменувајќи дека американскиот магнат Ворен Бафет неодамна купил еден остров кај Атина, весникот пишува дека кандидати за продажба држававните плажи на Пелопонез, пристаништето Пиреј и Солун, стадиони изградеби за Олимписките игри 2004 и поранешната американска воена база во Ираклејам на Крит.
Меѓу предлозите на Билд се и 14 грчки регионални аеродроми.
Спогодбата на Грција и останатите земји на еврозоната е предвидено да во новиот фонд за приватизација вклучува државни недвижности со чија продажба би можело да дојде до 50 милијарди евра, од што половина би биле за рефинансирање на нанки, четвртина за отплата на државниот долг, и четвртина за проекти за развој.
Официјално не е уште утврден списокот на државни недвижнини за продажба бидејќи се очекува дека тоа ќе биде дел од идните преговори на Грција и нејзините доверители за нов, трет пакет на кредитна помош во вредност поголема од 80 милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




