05 Декември, 2025
0.4674

Германски компании сакаат да инвестираат во енергетскиот сектор

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2012 12:38

Добивај вести на Viber

За инвестиции во енергетскиот сектор во Македонија преку изградба на мали хидроелектрани, пројавија интерес компании од Германија. Како дел од проектот за извозен потенцијал на германското Сојузно министерство за економија и технологија, претставници на пет фирми од Германија ги претставуваат своите искуства и резултати од нивните проекти во искористување на потенцијалите на обновливите извори на енергија пред македонски стопанственици. На конференција на тема „Мали хидроелектрани големи шанси за Македонија“ што се одржува денеска во Скопје, стопанственици и експерти од двете држави ги анализираат потенцијалите на македонскиот пазар и регулативата. Со оглед на умерениот раст на македонската економија и застарените капацитети за производство на електрична енергија, но и обврските кои произлегуваат од Енергетскиот договор на ЕУ, во Македонија се вложуваат се поголеми напори за користење на обновливи извори на енергија. До 2020 година 21 процент од македонската потрошувачка на енергија треба да потекнува од обновливи извори на енергија. Во таа насока македонскиот Закон за енергетика на производителите на електрична енергија од ОИЕ им гарантира атрактивни повластени тарифи. Пред германските стопанственици беше потенцирано дека во производството на електрична енергија фокусот е ставен на користењето на хидроенергијата, односно преку модернизацијана постоечките хидроелектрани, како и изградба на нови мали хидроелектрани. Проценките на надлежните институции покажуваат дека техничкиот искористлив потенцијал на хидроенергијата изнесува 5.500 гигават-часови. Во 2007 година беше распишан тендер за изградба на мали хидроелектрани на 400 локации, а до јули годинава се потпишани 68 договори за изградба. Покрај добриот потенцијал за развој на оваа област, според германците, неопходно е и усогласување на регулативата во Македонија со таа во ЕУ, но и поедноставени постапки за добивање дозволи и расчистени имотноправни односи. - Во Македонија постои релативно добар природен потенцијал. Важна е постапката за добивање дозвола, која мора да биде транспарентна и фирмите да можат да ја разберат, изјави Уте Ферингер, консултант за обновливи извори на енергија при Министерството за економија и технологија на Германија. Карстен Арнт, претставник на Здружението на хидроелектрани од областа Саксонија оцени дека при одлуката за инвестирање првин мора да бидат расчистени сопственичките односи. Странската фирма, укажа, мора да може да купи земјиште врз кое ќе има апсолутна сопственост. Неопходен, според него, е и соодветен технички развој. - Ние во Германија располагаме со нова техника и сме подготвени за соработка со македонски фирми и пренесување на нашето знаење што ќе донесе профит и за регионот, посочи Карстен Арнт

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања