Германските акции достигнаа нов рекорд
Објавено во: Анализа 16 Март, 2015 17:50
Германските акции ја започнаа неделата со раст до нов историски рекорд откако инвеститорите се фокусираа на предвидувањата за зголемување на корпоративните профити во регионот поради ослабувањето на еврото до 12-годишно дно. Главниот индекс на Франкфуртската берза „DAX “за прв пат надмина 12 000 поени, а европските пазарни индикатори ги достигнаа највисоките нивоа од седум години.
Монетарни ефекти
Оптимизмот од европските пазари се пренесе и на „Wall Street“, каде во последните три недели акциите забележа пад. Аналитичарите, сепак не очекуваат значајно закрепнување на пазарот во САД, бидејќи таму монетарните ефекти се спротивни од оние во еврозоната и инвеститорите стравуваат дека најскапиот долар влијаеше негативно на корпоративните резултати.
„Печатењето на пари од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) продолжува да дејствува како инекција со стероиди на „DAX“ и другите индекси од еврозоната. Инвеститорите остануваат фасцинирани од активностите на банката и продолжуваат да вложуваат на раст во регионот“, коментира за Ројтерс Конор Кампбел , финансиски аналитичар во „Spreadex“. Започнатата минатата недела програма за квантитативно олеснување на ЕЦБ помогна за намалување на приносот на хартии од вредност во еврозоната, што од своја страна предизвикува инвеститорите да ги вложат своите средства во акции и други средства.
За време на трговијата во понеделникот германскиот „DAX“ напредуваше со 1.2% до 12 042 поени. Францускиот „CAC“ 40 поскапе со 0,75% до 5048 поени, а британскиот „FTSE“ 100 порасна за 0,5% до 6776 поени. Општоевропскиот индекс „FTSEurofirst“ 300 порасна за 0,75% до 1590 поени, а показателот на блу-чип во еврозоната „Euro STOXX“ 50 достигна 3687 поени, што е највисоко ниво од 2008 година.
Политика на ФЕД
Во понеделникот еврото се опорави 1% од цената и достигна курс од 1.0590 долари, што сепак продолжува да е на најниско ниво од 2003 година. Од средината на минатата година единствената валута загубила една четвртина од својата вредност во однос на доларот, а минатата недела се распадна со 3,2%, што е најсилниот неделен пад од септември 2011 година. Повеќето аналитичари очекуваат меѓу еврото и доларот да биде достигнат паритет оваа година, а „Goldman Sachs“ предвидува курсот да падне до 0,80 центи за евра во 2017 година.
Вниманието на пазарите се фокусира на претстојното заседание на Федералните резерви на САД, од што трговците очекуваат да добијат сигнал за затегнување на монетарната политика. Иако статистиката покажа слабеење на трговијата на мало и инфлацијата, тоа не ги намалува шпекулациите дека ФЕД ќе преземе зголемување на основната каматна стапка уште во текот на летото.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





