19 Декември, 2025
0.0371

Германските компании ги одложуваат инвестициите во САД поради царините на Трамп, се вртаат кон ЕУ

Објавено во: Економија 24 Јули, 2025 13:53

Добивај вести на Viber

Германската индустрија внимателно го следи враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, а многу компании ги одложуваат или постепено ги напуштаат планираните инвестиции во Соединетите Американски Држави. Ова го посочува последниот извештај на Институтот за економски истражувања IFO од Минхен објавен денеска. 

Повеќе од 60 проценти од анкетираните компании од преработувачкиот сектор наведуваат дека се директно погодени од новите американски царини, додека речиси ист процент стравуваат од посилен конкурентски притисок од кинеските производители поради американската трговска политика, пренесуваат медиумите

Околу една третина од германските компании очекуваат дека до крајот на вториот претседателски мандат на Трамп, американскиот пазар ќе изгуби важност во нивните деловни стратегии.

Воедно тие посочуваат дека најавите за зголемување на царини на увозот во САД веќе имаат негативно влијание врз економиите на САД и Германија.

Според извештајот речиси 30 отсто од германските компании што планирале инвестиции во САД ги одложиле, додека 15 проценти целосно ги откажале.

И домашните инвестиции во Германија се погодени – 21 отсто од фирмите ги одложиле планираните вложувања, а 8 проценти ги откажале.

„Секоја трета индустриска компанија очекува пренасочување на трговските релации од САД, а само 17 отсто очекуваат зголемување“, наведува ifo.

Повеќе од 60 отсто од анкетираните компании пријавиле негативни последици од американските царини воведени во јануари.

Институтот ifo секој месец анкетира илјадници компании за да изготви економски прогнози. 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии